Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Сепак, сите погледи беа вперени кон Чез Дејвис кој го имаше своето деби на новиот Ducati V4 R. Овој модел, кој има 234bhp како и крилца кои многу наликуваат на MotoGP мотоциклите, ги собра сите погледи за време на мото шоуто EICMA.

Дејвис беше за малку побавен од Алекс Ринс а и двајцата возачи заостануваа 1.5 секунди во споредба со Реа.

Британскиот Супербајк шампион, Леон Хаслам, кој дебитираше во Kawasaki Racing го постигна четвртото најдобро време а веднаш зад него беше Микеле Риналди кој од следната сезона ќе настапува за Barni Racing. Вториот мотоцикл на Yamaha со кој настапи Михаел ван дер Марк заврши на шестата позиција.

rea dejvis 01

Новиот тимски колега на Дејвис, Алваро Баутиста, не беше дел од тестот бидејќи ќе учествува на последната трка од MotoGP шампионатот која ќе се вози во Валенсија.

Поради лошите временски услови, вториот ден од тестовите не се оддржа а Дејвис и Риналди комплетираа само 40 круга.

За две недели, возачите кои се дел од Супербајк шампионот се враќаат на патеката во Херез каде што за прв пат ќе им се приклучи и новиот BMW Motorrad тим.

Back To Top