WSBK

WSBK: Сајкс ќе вози за BMW во 2019 година

Shaun Muir Racing потпиша договори со Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер во новиот тим кој ќе има поддршка од BMW во сезоната 2019.

Следете нè на:

Shaun Muir Racing потпиша договори со Том Сајкс и Маркус Рајтенбергер во новиот тим кој ќе има поддршка од BMW во сезоната 2019.

Shaun Muir Racing (SMR) потпиша договор со Том Сајкс кој во сезоната 2019 ќе настапува во Светскиот Супербајк шампионат. Според информациите, тимот исто така ќе настапува со машина на BMW наместо како што беше досега со мотоцикл на Aprilia.

Иднината на поранешиот шампион од Супербајк серијата беше непозната откако неговиот тим Kawasaki во Јули објави дека потпиша договор со Леон Хаслам. Сепак, тој успеа да најде место во тим кој ќе има фабричка поддршка од BMW.

tom sykes laguna seca worldsbk jensen beeler 2018

Сајкс ќе му се приклучи на Рајтенбергер кој е актуелен шампион во серијата Superstock 1000. Се верува дека поддршката која ќе ја обезбеди BMW ќе биде иста со онаа од период помеѓу 2009 и 2013 година кога тие имаа фабрички тим во серијата.

Со ваквиот потег, актуелниот возач на SRM, Јуџин Лаверти останува надвор од шампионатот.

Возачот кој доаѓа од Северна Ирска и кој успеа да постигне две места на подиумот и една пол позиција откако се врати на патеката по тешката повреда на ногата, сега ќе мора да побара нов тим доколку сака и во иднина да остане дел од шампионатот.

SMR и претходно има соработувано со BMW откако Англичанецот Шон Муир се одлучи да потпише договор со нив во сезоната 2016. Тогаш за тимот настапуваа Џош Брукс и Карел Абрахам.

Но во текот на сезоната се појавија информации дека Муир планира да потпише договор со Aprilia,а тоа беше надополнето и од фактот дека Италијанската компанијата е подготвена да се врати во серијата и да настапи во променетиот RSV-4. Беше одлучено да се потпише договор со Лаверти кој требаше да биде нов колега на Лоренцо Салвадори.

Сепак, резултатите кои беа постигнати не беа според очекувањата. Повредата која ја доби Лавери на втората трка од сезоната го принудија да ги пропушти следните три трки. Но оттогаш постигнува добри резултати и во моментов се наоѓа на деветото место на табелата, едно погоре од неговиот тимски колега.

Со оглед на тоа дека не е познато каква ќе биде иднината на Aprilia во серијата, Муир почна разговори со останатите фабрики. За четири години, ова ќе биде нивна трета промена.

Изгледа дека намерата на BMW да влезе во серијата беше доволно за да се убеди Муир да направи нова промена. Сајкс веќе долго време е поврзуван со тимот, а Рајтенбергер настапуваше со S1000RR во текот на доминантната сезона кој ја имаша во Европскиот Superstock 1000 шампионат.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.