GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Тимот, кој во 2017 година ја освои титулата во Суперспорт серијата со Лукас Махиас, а заврши на второто место следната година, ќе настапува со две YZF-R1 машини кои ќе имаат фабричка поддршка на Yamaha. Својот прв тест овие мотоцикли ќе го имаат на 26-ти ноември на патеката во Херез.

28 годишниот Кортезе ќе го има своето деби во шампионатот во 2019 година. Во 2012 година тој беше шампион во Moto3 серијата, а исто така е и актуелен шампион во Суперспорт класата.

Sandro Cortese

„Да се победи во Светскиот Суперспорт шампионат, а веднаш потоа и да се премине во Супербајк серијата претставува остварување на сонот за мене,“ изјави Кортезе. „Навистина сум среќен што ќе бидам дел од овој проект. Иако ова е голем предизвик, со нетрпение чекам да почне.“

„Не можам да дочекам за прв пат да се качам на новиот YZF-R1. Тоа ќе биде како Божиќ за мене. Никогаш не сум возел толку голем мотоцикл и сега се чувствувам како мало дете кое не може да дочека да го отвори подарокот.“

36 годишниот Меландри има големо искуство и е поранешен шампион во класата од 250cc како и вице првак од MotoGP серијата. Уште од неговиот прв настап во 2011 година во Супербајк серијата, тој досега постојано се наоѓаше меѓу најдобрите пет возачи.

marco melandri

Тимскиот менаџер на GRT, Филипо Конти, вели дека е свесен за предизвикот кој е пред нив.

„Треба да учиме многу за оваа категорија, но нашата цел е јасна. Сакаме да бидеме компетитивни исто како што бевме и во Суперспорт серијата.“

„Можеби ова нема да биде возможно во нашата дебитанска сезона, но тоа е нашата цел за во иднина.“

Back To Top