WSBK

WSB: Реа испрати предупредување до ривалите

Џонатан Реа испрати сериозно предупредување до своите ривали за време на последниот ден од тестовите кои се одржаа во Портимао. Тој постигна резултат кој беше за речиси една секунда подобар од останатите возачи.

Следете нè на:

 

Возачот на PATA Yamaha, Алекс Ловс, беше блиску до Реа за време на целиот тест. Сепак на крајот Реа одлучи да притисне повеќе и заврши со предност од 0.6 секунди. На 15 минути пред крајот на тестот, четири кратниот Светски шампион излезе на патеката со пневматици наменети за квалификации. Реа постигна резултат кој беше за само една десетинка побавно од квалификацискиот рекорд кој го постави Јуџин Лаверти на патеката во Португалија.На крајот, разликата со неговиот ривал од Kawasaki, Ловс се искачи на 0.959 секудни.

Дебитантот во серијата, Алваро Баутиста имаше трет најдобар резултат и покрај тоа што имаше проблем со задниот дел на неверојатно моќниот Panigale V4R. Поранешниот MotoGP возач го заврши тестот со заостанување од  1 секунда и 079 стотинки побавно од Реа.

Rea Txt 29 01

Вториот возач на Kawasaki, Леон Хаслам, кој се уште се прилагодува на машината која има BSB спецификации, имаше четврто најдобро време откако заврши со заостанување од 1,2 секунди зад неговиот тимски колега.

Возачот на PATA Yamaha, Михаел ван дер Марк, тестот го заврши на петото место и на крајот се најде пред Том Сајкс, кој пак имаше добар настап со новиот BMW S 1000 RR.

Сандро Кортезе од GRT Yamaha беше седми, а зад него заврши неговиот тимски колега Марко Меландри. Топрак Разгатлиоглу од Puccetti Kawasaki како и вториот возач на BMW, Маркус Рајтенберг ги заокружија првите десет позиции.

Тежок настап имаше Чез Дејвис кој се уште се опоравува од повредата на грбот. На крајот тој заврши со заостанување од 2,5 секунди во однос на Реа.

Тимовите сега заминуваат за Австрија каде ќе се оддржи последниот тест.

  1. Jonathan Rea – Kawasaki Racing Team 1’40.855
  2. Alex Lowes – PATA Yamaha +0.959
  3. Alvaro Bautista – Aruba Ducati +1.079
  4. Leon Haslam – Kawasaki Racing Team +1.289
  5. Michael van der Mark – PATA Yamaha +1.336
  6. Tom Sykes – BMW Motorrad WorldSBK +1.391
  7. Sandro Cortese – GRT Yamaha +1.614
  8. Marco Melandri – GRT Yamaha +1.652
  9. Toprak Razgatlioglu – Puccetti Kawasaki +1.682
  10. Markus Reiterberger – BMW Motorrad WorldSBK +2.291
  11. Chaz Davies – Aruba Ducati +2.506
  12. Michael Rinaldi – Barni Ducati +2.979
  13. Eugene Laverty – Go Eleven Ducati +3.095
  14. Alessandro Delbianco – Althea Honda +4.030

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.