WSBK

WorldSBK Имола - Извештај од Италија

После двојната победа на патеката во Имола, Џонатан Реа ги постави основите за освојување на неговата четврта последователна титула во Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

Со оваа победа, која е негова 59-та во кариерата, Реа се изедначи со Карл Фогерти како најуспешни возчи во историјата на шампионатот. Веднаш по завршувањето на трката, три-кратниот шампион изјави дека е добро кога се победува на трки, но уште подобро е кога ќе се освои титулата.

Foto 13 5 18 13 52 10

Иако му фали уште една титула за да го стигне Фогерти, сепак малкумина се сомневаат дека ќе успее во тоа. Изминатите две години, Чез Дејвис постигнуваше двоја победа во Имола, но овој пат тој немаше никаков одговор на возењето на Реа.

Мотоциклите на Kawasaki иако беа недостижни за останатите возачи, сепак Реа беше оној кој успеа да стигне до првото место и сега има предност од 47 поени на табелата.

Едно од прашањата кои беа поставувани во текот на зимската пауза беше колку време ќе им биде потребно на Kawasaki за да ги научат новите регулации. Се чини дека не им требало премногу време.

Покрај настапот на Реа, победата која ја постигна Том Сајкс во Асен како и двојниот подиум во Италија покажува дека тимот има одличен пакет.

Не е некое големо изненадување тоа дека Ducati и Kawasaki се најдобрите мотоцикли на патеката. Сепак, трката во Имола покажа колкава е само разликата меѓу нив и останатите тимови. Италијанската трка е посебна и доколку некој тим има проблеми, тогаш Имола ќе го покаже тоа.

Донингтон Парк би требало на возачите да им овозможи некакво израмнување, а вреди да се напомене и дека покрај тоа што досега победуваат Ducati и Kawasaki, стартот на сезоната ни покажа дека има многу поголема изедначеност во споредба со минатите сезони.

На трката во Имола на патеката се врати Леон Камиер но со оглед на сериозните повреди кои ги здоби во Арагон, се сомневаме дека бил целосно подготвен за настап. После две тренинг сесии тој доби забрана за настап.

Тоа му овозможи на Џејсон О’Халарон да дојде до израз. Возачот од BSB серијата покажа дека има потенцијал со тоа што постигна подобар резултат од неговиот тимски колега Џејк Гање.

За жал викендот на Австралијанецот заврши предвреме поради фрактура на ногата која ја доби после падот кој го имаше на првата трка. Очигледно е дека Honda се уште треба да работи на својот мотоцикл но исто така потребна им е и малку повеќе среќа.

Кенан Софуоглу во неделата се повлече од трките. Турскиот возач доби голем аплауз од публиката.

Пет-кратниот шампион на SSP серијата веќе долго време е дел од трките и угледот кој го има кај публиката е навистина за почит. Голем број на возачи изјавија дека тоа што се натпреварувале покрај Софуоглу ги направило подобри. Пи Џеј Јакобсен пак отиде и еден чекор понатаму и откри каков бил тој со неговите колеги.

„Многу пати Кенан знаеше да ве тргне на страна и да ви каже нешто што забележал во вашето возење,“ објасни Јакобсен.

„Тој ќе ви кажеше нешто што ќе ви помогне да станете подобри бидејќи Кенан навистина сакаше кога победникот се одлучува во последниот круг.“

Би можело да ве интересира

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.