Ентони Вест ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат овој викенд како замена за повредениот Силвиан Бариер.

Французинот е надвор од трките откако ја скрши раката на третата трка од шампионатот која се оддржа во Арагон. И покрај тоа што се надеваше дека ќе успее да се врати на патеките до трката Сепанг, тој сепак ќе мора да отсуствува.

WestWSBSepang

Вест ќе биде втората замена за Бариер по Лукас Махијас, кој го менуваше во изминатите две трки. Сепак, на трката во Имола, Махијас имаше незгода и доживеа фрактура на три пршлени.

Поранешниот Гран При возач Вест се уште се нема натпреварувано оваа сезона, но докажа дека се уште е добар откако успеа да извози две трки во Суперспорт Шампионатот, а на трката на Филип Ајленд освои и место на подиумот.

Back To Top