WSBK

Што научивме по првата рунда во Супербајк шампионатот?

Заврши првата рунда во Супербајк шампионатот, што научивме по стартот на новата сезона?

Следете нè на:

 

Нов распоред: Во сезоната 2018 ќе има три слободни тренинзи во петокот пред оддржувањето на трката. Во минатото, доколку некој возач излеташе од патеката или пак имаше технички проблем во петокот, тоа сериозно влијаеше на неговиот настап на самата трка. Со новиот распоред има три сесии кои се долги по околу 40 минути. Поради пад кој се случи на вториот слободен тренинг, Алекс Ловс ја пропушти целата тренинг сесија. Иако губењето на времето влијаеше врз резултатот на Англичанецот, сепак добриот настап на третиот слободен тренинг му овозможи да постигне добро време и да се квалификува за Superpole 2. Распоредот исто така ќе им овозможи на возачите попладневнииот дел од петокот за тркачки симулации, нешто што во минатото беше многу тешко да се постигне. 

jonathan rea kawasaki racing team phillip island australia worldsbk

Нови регулации: Пет мотоцикли кои се лидери на трката како и уште неколку изненадувачки резултати би укажало на тоа дека новите правила го даваат посакуваниот резултат. Времето ќе покаже како тоа ќе се одвива во текот на сезоната но од она што го видовме во Австралија, Aprilia, Honda и Yamaha ќе се најдат напред. Се чини дека Kawasaki се соочува со мали проблеми на стартот но патеката Филип Ајленд е посебна и ќе треба да почекаме натпреварувањето да се врати во Европа за да ја видиме целосната слика.

Пневматици: Во Австралија многумина беа загрижени поради пневматиците на Pirelli. Токму поради тоа, директорот на трката нареди задолжително влегување во гаражите. Ова предизвика различни реакции, а некои од возачите сметаа дека биле залудни напорните тренинзи кои ги имале во текот на целата недела. Pirelli во Австралија претстави нови пневматици кои треба рамномерно да ја распоредуваат топлината.

Меландри лидер: За прв пат после пет години Италијански возач се наоѓа на врвот на табелата. Во Австралија, Меландри имаше перфектен викенд. Во саботата внимаваше на пневматиците, а во неделата во последниот круг успеа да го претекне Реа и да стигне до победата. Тој имаше две различни стратегии но крајниот резултат беа 50 поени. Ова беше негова прва двојна победа по 2014 година и ни најави што можеме да очекуваме во 2018.

Неисполнет потенцијал:  За разлика од Меландри, неговиот поранешен тимски колега не беше толку успешен. Ирецот беше полн со самодоверба во текот на целиот викенд но сепак имаше лош настап на трката број 1. Од неговиот тим сепак соопштија дека причините за тоа се различни во споредба со минатата година. Минатата година Aprilia имаше проблеми во текот на целата сезона но сега Лаверти смета дека конечно има мотоцикл кој ќе му овозможи добри резултати.

Се има крај:  За прв пат после три години, Џонатан Реа не е лидер во серијата. Во моментов тој се наоѓа на третото место, зад тимскиот колега Том Сајкс. Рекордот кој го постигна во Австралија укажува на тоа што би можеле да очекуваме од него во текот на сезоната. За прв пат откако му се приклучи на Kawasaki, Реа покажа слабост и ќе треба да видиме како ќе реагира на втората трка. Тој се уште е фаворит за титулата но после долго време и Сајкс е полн со самодоверба.

Би можело да ве интересира

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Драго ми е што прашавте. 138! Претходната верзија, четири-цилиндричната Honda CBR600, според компанијата имаше нешто помалку од 130 коњски сили.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.