Ако нешто можеме да заклучиме од втората трка од Светскиот Супербајк шампионат тоа е дека не очекува интересна сезона.

Откако заврши на четвртото место на втората трка, тој изјави дека морал да вложи дупло повеќе енергија со оглед на тоа дека стартуваше од деветата позиција. Ирецот пред трката изјави дека промените на неговиот мотоцикл го приморале да го адаптира неговиот стил на возење, односно ZX10-RR да го вози како да е Суперспорт машина.

jordi torres mv agusta buriram thailand worldsbk

Бурирам останува единствената трка на календарот каде што Ducati се уште нема постигнато победа. Сепак, Чез Дејвис имаше добар настап во неделата.

После трката, на прашањето во однос на новите регулации, Дејвис изјави дека работите не се премногу сменети за тимот, а и неговиот стил на возење останува ист.

Трката во Тајланд беше вистински тест за Велшанецот. Во текот на изминатите четири години, тимот постојано бележи подобрување.

Во изминативе три сезони Џонатан Реа доминираше на трката и на патеката во Бурирам, тој ги поставуваше темелите кои го одведоа до освојување на титулата. Но за разлика од претходните години кога Дејвис после втората трка заостануваше повеќе од 30 поени, овојпат разликата е само 12 поени.

После првата трка од сезоната се чинеше дека Yamaha оди наназад додека пак Honda забрзано чекори напред. Сепак, во Бурирам и двете екипи се бореа за врвот, а настапот на Леон Камиер јасно покажува дека работите се значително подобри за Honda

Тимот на Red Bull Honda се уште не ја променила електрониката и ја користат платформата како основа за таквите перформанси. Од друга страна пак Yamaha конечно направи промена на спецификациите. После завршувањето на втората трка, Михаел ван дер Марк изјави дека Yamaha е блиску до врвот и дека тимовите кои се дел од серијата се многу изедначени.

Back To Top