WSBK

Резултати од WorldSBK тестот на Филип Ајленд

Топрак Разгатлиоглу постигна најдобар резултат на првиот ден од тестовите на Филип Ајленд. Зад него се најдоа Том Сајкс и Лорис Баз.

Следете нè на:

 

Топрак Разгатлиоглу постигна најдобар резултат на првиот ден од тестовите на Филип Ајленд. Зад него се најдоа Том Сајкс и Лорис Баз.

Топрак Разгатлиоглу постигна најдобро време на првиот ден од официјалниот WorldSBK тест на Филип Ајленд. Возачот на Pata Yamaha кој доаѓа од Турција имаше проблеми на почетокот од тестот. Но откако ги надмина, резултатот од 1 минута 30.740 секунди беше доволен да се најде на првото место. На втората позиција заврши возачот на BWM, Том Сајкс, кој заостануваше 0.022 секунди.

Настапот на Сајкс за време на утринската сесија навестуваше дека ќе има доминантен настап. Во ист стил продолжи да вози и во текот на попладнето. Резултатот кој го постигна заедно со тимски колега, Јуџин Лаверти, ни укажува на тоа дека BMW криела нешто за време на приватните тестови, со оглед на тоа дека тимот тогаш не можеше да се носи со машините на Kawasaki, Ducati и Yamaha.

Лорис Баз, кој настапи за приватниот Ten Kate Yamaha, заврши на третото место додека пак актуелниот шампион Џонатан Реа беше четврти.

Philip Island test txt 24 02

Honda имаше променлив настап. Леон Хаслам, кој има добри резултати на Филип Ајленд, денот го заврши на петото место. За разлика од него, Алваро Баутиста успеа да дојде само до 15-тата позиција. Такуми Такахаши пак имаше проблеми со моторот и мораше предвреме да ја заврши сесијата.

Скот Рединг беше најдобриот возач на Ducarti и заврши на шестата позиција пред Мајкл ван дер Марк кој не успеа да го подобри резултатот кој го постигна за време на утринската сесија. Лаверти, Алекс Ловс и Чез Дејвис ги заокружија првите десет позиции.

Сандро Кортезе заврши на единаесетото место и покрај тоа што ова за него беше прв настап во тимот на Pedercini Kawasaki. Всушност, ова е и прв настап за Италијанскиот тим откако го изгуби главниот спонзор.

Откако ја помина зимата опоравувајќи се од повредата, Леон Камиер тестот го заврши на осумнаесетата позиција.

2020 WorldSBK официјален тест

Официјален тест на Филип Ајленд [Ден 1/2]
Поз Возач Тим Мотор Време
1 Toprak Razgatlioglu Pata Yamaha WorldSBK Yamaha YZF-R1 1m 30.740
2 Tom Sykes BMW Motorrad WorldSBK BMW S1000RR 1m 30.762
3 Loris Baz Ten Kate Racing Yamaha YZF-R1 1m 30.777
4 Jonathan Rea Kawasaki Racing Team Kawasaki ZX-10RR 1m 30.996
5 Leon Haslam Team HRC Honda CBR1000RR-R 1m 31.196
6 Scott Redding Aruba.it Racing Ducati Ducati Panigale V4 R 1m 31.236
7 Michael van der Mark Pata Yamaha WorldSBK Yamaha YZF-R1 1m 31.252
8 Eugene Laverty BMW Motorrad WorldSBK BMW S1000RR 1m 31.588
9 Alex Lowes Kawasaki Racing Team Kawasaki ZX-10RR 1m 31.665
10 Chaz Davies Aruba.it Racing Ducati Ducati Panigale V4 R 1m 32.113
11 Sandro Cortese Outdo Kawasaki TPR Kawasaki ZX-10RR 1m 32.264
12 Michael Ruben Rinaldi Team GOELEVEN Ducati Panigale V4 R 1m 32.272
13 Xavi Fores Kawasaki Puccetti Racing Kawasaki ZX-10RR 1m 32.414
14 Maximilian Scheib Orelac Racing Verdnatura Kawasaki ZX-10RR 1m 32.498
15 Alvaro Bautista Team HRC Honda CBR1000RR-R 1m 32.541
16 Federico Caricasulo GRT Junior WorldSBK Yamaha YZF-R1 1m 32.706
17 Garrett Gerloff GRT Junior WorldSBK Yamaha YZF-R1 1m 32.829
18 Leon Camier Barni Racing Ducati Panigale V4 R 1m 33.629
19 Takumi Takahashi MIE Racing Honda Honda CBR1000RR-R 1m 34.346

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Damon престави две нови верзии на нивниот Hypersport модел. Машините имаат послаби перформанси но и нивната цена е помала.

Ducati престави лимитирана верзија на Diavel 1260 во чест на сестринската компанија, Lamborghini.

Преставена патеката по која ќе се вози релито Дакар 2021. Познатата трка повторно ќе се оддржува во Саудиска Арабија.

Honda повторно влезе во „big-bore“ крузер класата во 2021 со целосно новиот Rebel 1100, верзија на популарниот Rebel 500 која има поголем капацитет.

Данило Петручи вели дека бил многу тажен кога пред стартот на сезоната му било кажано дека нема да му биде продолжен договорот. Но сега, откако потпиша со КТМ, тимот кој изминатава сезона постигна три победи и осум пати се искачи на подиумот, Петручи вели дека е среќен поради таквата одлука на Ducati.

Kawasaki направи значајни промени кај познатиот ZX-10R за сезоната 2021.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.