Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Џонатан постигна нов рекорд на Tissot-Superpole трката откако успеа да стигне до време од 1’22.700. Откако успеа да победи и на првата трка која се возеше во Лагуна Сека во саботата, Реа стигна до бројка од девет победи во 2019 година. Со ова, тој го зголеми бројот на победи во кариерата која сега изнесува 80 (дел од 156 искачувања на подиумот).

Возачот на Ducati, Алваро Баутиста, излета надвор од патеката и не успеа да се врати откако беше кренато црвеното знаме.

Откако заврши на второто место веднаш зад Дејвис, Реа ја зголеми предноста на табелата на 81 поен. Тој имаше и среќа што неговиот главен ривал, Алваро Баутиста, не успеа да освои поени бидејќи мораше да се повлече од втората трка. После девет рунди, тој сега има вкупно 443 поени.

Rea LagunaSeca txt 15 07

Во WorldSBK сега престои летната пауза но Реа ќе им се приклучи на Леон Хаслам и Торпак Разгатлиоглу и ќе биде дел од престижната Suzuka 8 Hours трка која ќе се одржи на 28-ми јули.

Десетата трка од FIM Superbike светскиот шампионат ќе се одржи во Портимао, Португалија помеѓу 6 – 8 септември. Сепак, кон крајот на август на истата патека ќе се одржи и официјален тест.

Џонатан Реа изјави: „Никогаш немаше да ви поверувам доколку ми кажевте дека ќе дојдам на оваа патека, ќе поставам нов рекорд и ќе остварам две победи. Ова беше одличен викенд. Направивме многу мали промени на мотоциклот меѓу втората и третата трка. Имав комплетно различно чувство над мотоциклот и воопшто не очекував нешто такво. Предниот дел не беше толку добар како на претходните трки. Поради тоа не сакав да притиснам премногу и бев задоволен со второто место. Сега со нетрпение ја чекам летната пауза.“

Back To Top