Преставен календарот за сезоната 2021 од WorldSBK серијата. Повторно имаме 13 трки, шампионатот стартува кон крајот на април во Асен а по пауза од 24 години ќе се вози и во Индонезија.

Традиционалниот старт на сезоната кој секоја година се оддржува со трката на Филип Ајленд, оваа година поради коронавирусот е одложен и шампионатот ќе почне речиси два месеци подоцна, поточно викендот 23-25 април.

Тогаш ќе се вози трката во Асен, Холандија, која е една од патеките кои се враќаат во серијата за сезоната 2021. Во моментов, трката на Филип Ајленд е наведена како 12-та трка но точниот датум се уште не е утврден.

Доцниот старт на сезоната е поради коронавирусот. Поради пандемијата беа направени големи промени и во изминатата сезона. Шампионатот почна во Австралија пред да избувне пандемијата и до следната трка моравме да чекаме дури до крајот на август. До крајот на сезоната се оддржаа само уште седум трки на кои Џонатан Реа успеа да стигне до шестата титула.

WSBK txt 01 12

Од распоредот можеме да видиме и дека серијата главно ќе се оддржува во Европа. Првите две трки ќе се возат во Холандија и Португалија а потоа заминуваме на патеките во Арагон и Мисано.

Британската трка во Донингтон Парк повторно е вратена на календарот и ќе се оддржи помеѓу 2-3 јули а потоа следуваат Мањикур, Каталуња, Херез и Портимао.

Шампонатот потоа се сели во Аргентина каде трката ќе се оддржи помеѓу 15-17 октомври. После тоа следува Индонезија каде не чека сосема нова патека. Ако се биде во ред, ова ќе биде прва трка во Индонезија, еден од најголемите светски пазари на мотоцикли, по пауза од 24 години.

Се уште нема информации за тоа која ќе биде тринаесетата трка  а можно е да биде една од трите трки кои поради пандемијата минатата сезона беа откажани: Катар, Имола и Ошерслебен. Големи се шансите некоја од  овие трки да биде додадена на календарот помеѓу петата и шестата трка.

2021 WorldSBK Calendar

2021 WORLDSBK CALENDAR  
RD CIRCUIT COUNTRY DATE  
1 Assen Netherlands 23-25 April  
2 Estoril Portugal 07-09 May *
3 Motorland Aragon Spain 21-23 May  
4 Misano Italy 11-13 June  
5 Donington Park Great Britain 02-04 July  
6 Magny-Cours France 03-05 Sep  
7 Barcelona-Catalunya Spain 17-18 Sep  
8 Jerez Spain 24-26 Sep  
9 Portimao Portugal 01-03 Oct  
10 San Juan Villicum Argentina 15-17 Oct *
11 Mandalika Indonesia 12-14 Nov **
12 Phillip Island Australia TBA *
13 TBA      
* Subject to contract      
** Subject to homologation      
Back To Top