WSBK

Погледнете го Ducati Panigale V4, подготвен за WorldSBK

„Ќе работиме само со една цел: победа“. Ова го изјави Џиџи ДалИгна додека зборуваше за WorldSBK програмата на Ducati Corse.

Следете нè на:

 

Официјално Aruba.it Racing – Ducati Superbike тим, возачите Чез Дејвис и Алваро Баутиска имаат голем притисок да постигнат добри резултати. После се, Италијанецот премина од v-twin на V4 се со цел да ја освои титулата во Светскиот Супербајк шампион.

Вообичаено, нема преголеми очекувања од тим кој има целосно нов мотоцикл бидејќи понекогаш е потребно да помине цела сезона додека да се извлече сиот потенцијал на машината. Но кај Ducati, се чини дека овој процес оди побрзо.

Можеби ова е така поради радикалната промена а можеби и поради тоа што тимот веќе долги години нема освоени нешто позначајно. Но без разлика која е причината, веруваме дека голем број на фанови на Ducati со големо внимание ќе го следат шампионатот за да видат како ќе функционира новиот мотоцикл.

Првите индикации велат дека Ducati Panigale V4R има голем потенцијал но никој од екипата засега не сака дава никакви предпоставки во однос на тоа каде би се нашол тимот на крајот на сезоната.

„Проектот е се уште во почетна фаза но развојот се движи по нагорна линија. Се уште треба да завршиме некои детали но имаме јасно дефинирана развојна програма“ , вели ДалИгна. „Имаме одлични возачи и сега останува на нас да им обезбедиме добар мотоцикл за да го изразат целиот свој потенцијал на патеката. “

Кој ќе биде тимот кој ќе ги предизвика Џонатан Реа и Kawasaki во новата сезона од шампионатот? Името на Чез Дејвис се наоѓа на врвот на оваа листа. Ова ќе биде негова петта сезона во серијата но никако не смееме да го заборавиме и Алваро Баутиста.

Шпанецот покажа дека брзо го совладува Ducati Panigale V4 R а се чини и дека неговиот допринос во гаражата никогаш не беше целосно искористен. Очекуваме да видиме како Баутиста ќе се бори со својот колега но и со останатите возачи.

Ова ветува дека ни престои интересна сезона а нас ни останува да почекаме уште само неколку недели за да видиме како ќе изгледаат тимовите на првата трка во Филип Ајленд.

Се дотогаш, уживајте во фотографиите од 2019 Aruba.it Racing – Ducati Superbike.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.