Вести од светот

Red Bull Romaniacs: Најтешкото ендуро рели на светот

Ако го користите интернетот за гледање на работи кои се поврзани со мотоциклите, а сигурно го правите тоа бидејќи сте тука, тогаш имате видено дел од ова видео.

Следете нè на:

 

Ако го користите интернетот за гледање на работи кои се поврзани со мотоциклите, а сигурно го правите тоа бидејќи сте тука, тогаш имате видено дел од ова видео.

Ако го користите интернетот за гледање на работи кои се поврзани со мотоциклите, а сигурно го правите тоа бидејќи сте тука, тогаш имате видено дел од ова видео. Во него, возачи со оф роуд мотоцикли возат по патишта исполнети со камења, дрва, стари гуми и уште голем број на други препреки. Сето ова е дел од трката „Red Bull Romaniacs“, најтешкото ендуро рели на светот.

Оваа трка е една од неколкуте кои се дел од серијата World Enduro Super. Видеото се фокусира на акцијата, посветеноста и тежината на ендуро трките кои се одржуваат во град. Плус, самата трка е неверојатно спектакуларна.

Ендуро трките преставуваат комбинација на неколку елементи и стилови и ги тестира можностите на возачите да балансираат со мотоциклот додека ги преминуваат пречките.

Курсот е креиран од страна на Енди Фазекас и клубот „Crazy Bike Sibiu“ кои имаат за цел од година во година тој да биде се потежок.

Доколку сакате да бидете дел од овој курс, претходно мора да сте член на некој ендуро клуб и да имате веќе докажано оф роуд искуство. На нивната интернет страна е наведено: „Четирите дена кои ќе ги поминете во оф роуд возење низ Романската дивина ќе ве натераат да возите до самата граница на вашите можности и треба да се сфатат сериозно. Немојте да мислите дека лесно ќе стигнете до целта. “

Оваа година победник беше Полјакот Тади Блажусиак кој постигна резултат од 10 минути и 48 секунди. Најдобар возач кој доаѓа од САД е Кит Куртис кој заврши на 28-то место. Вкупно 438 возачи поделени во четири класи, Gold, Silver, Bronze, Iron, беа дел од овој настан. Сепак, само мал дел од нив стигнаа до целта.

Мислите дека и вие можете да бидете дел од Gold класата? Вашата ментална и физичка подготвеност треба да биде на врвно ниво. Ако се уште мислите дека лесдно ќе се справите со овој предизвик, тогаш пријавете се на страната www.redbullromaniacs.com .

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.