BMW е последната мото компанија која ја истражува идејата за присилна индукција кај мотоциклите.

Се чини дека BMW е последната мото компанија која ја истражува идејата за присилна индукција кај мотоциклите. Тоа значи дека компанијата која доаѓа од Баварија ќе им се приклучи на Kawasaki, кои веќе имаат три „supercharged H2 “ модели на пазарот, како и на Honda и Suzuki.

Германскиот бренд веќе има поднесено патент за „electric supercharger“ дизајн а според скиците може да се види дека како основа го користат S1000RR. За оние кои не се запознаени, користење на електричен мотор за да се направи присилна индукција не е ништо ново. Веќе подолго време ја има кај автомобилите а оваа технологија за прв пат почна да се применува во Формула 1.

Концептот е едноставен но неговата примена е малку потешка. Во суштина, електричниот мотор го врти полначот за да му даде дополнителна енергија на моторот. Во Формула 1, оваа технологија се користи за моторот да има поголема моќност при помал прој на вртежи.  Но, инжинерите почнаа да одат еден чекор понапред.

german electric supercharger main 21 08

Наместо да ја користат енергијата која се добива од издувот (turbocharging) или пак од механизмот на моторот (supercharging), тие ја надополнуваат енергијата со помош на електричен мотор.

Иако делува едноставно, извршувањето на овој концепт се покажа доста тешко и е потребен комплексен систем. Ова пак не носи на патентот на BMW кој се фокусира на тоа како да се контролира полначот кај превозните средства на две тркала.

Иако BMW идејата ја престави на S1000RR, концептот би можел да се најде кај сите машини на Германскиот бренд. Тоа е така поради се построгите правија за емисија на гасови.

Исто како кај автомобилската индустрија и производителите на мотоцикли гледаат на ова како начин со кој ќе се справат со се построгите правила.

Во моментов, електричните превозни средства се повеќе ставаат до знаење дека тие се иднината а предноста која ја нудат би можела да биде многу поголема отколку само едноставно напојување на еден голем компресор.

Се чини дека големите компании би си направиле поголема услуга доколку се фокусираат на хибридни модели отколку да се обидат да спасат технологија која е во изумирање.

Back To Top