Вести од светот

Наскоро ќе има забрана за превозни средства кои работат на бензин а мотоциклите не се подготвени за тоа

Мотоциклите би можеле да претрпат голема промена и не сум сигурен колку сме подготвени за тоа. Неколку држави, од кои добар дел се клучи за мотоциклизмот, во следните 10 до 20 години, планираат да ја забранат продажбата на нови модели кои ќе имаат мотори со внатрешно согорување (ICE).

Следете нè на:

 

Мотоциклите би можеле да претрпат голема промена и не сум сигурен колку сме подготвени за тоа. Неколку држави, од кои добар дел се клучи за мотоциклизмот, во следните 10 до 20 години, планираат да ја забранат продажбата на нови модели кои ќе имаат мотори со внатрешно согорување (ICE).

Соединетите Американски Држави не се на таа листа но и покрај тоа забраната сигурно ќе влијае на бројот на произведени мотоцикли.

Центарот за заштита на климата објави листа од 11 држави кои во блиска иднина ќе ја забранат продажбата на превозни средства кои ќе имаат мотор со внатрешно согорување. На листата се Индија (2030) , Кина (2040) , Тајван (мотоцикли во 2035 и автомобили во 2040). И неколку држави од Европа се согласуваат со оваа политика. Овие пазари се особено важни за компаниите кои произведуваат мотоцикли. Доколку ваквите политики се спроведат во целост, тогаш не очекува голема промена.

Целта на овој текст не е да ве заплаши и да ве натера да размислувате дека мотоциклизмот каков што го знаеме наскоро ќе го снема. Иако понекогаш така ми изгледаат работите. Но во моментов, ова се само планови кои би можеле да се реализираат во иднина. Транзицијата и напуштањето на моторите со внатрешно согорување сигурно ќе влијае врз она што ќе можеме да го купиме и возиме.

Zero SR Zero txt 10 07

Покрај овие неколку држави, уште неколку други поголеми градови најавуваат дека ќе се приклучат на листата. Поголемиот дел од забраните се очекува да почнат да се применуваат помеѓу 2030 и 2040 година.

Погледнете ги мотоциклите кои ги има во вашата локална продавница. Големи се шансите сите тие да работат на бензин. Но што ќе се продава кога ќе почне да се применува забраната за ICE моделите? Најверојатно електрични мотоцикли но многумина реално се уште не се подготвени за нив.

Сигурен сум дека во многу продавници има по неколку електрични мотоцикли на продажба.Тоа е добро но дали би можеле да ја заменат целата индустрија за само 10 години? Во 2018 година, претседателот на компанијата Zero, соопшти дека тие продаваат повеќе електрични мотоцикли отколку сите нивни ривали заедно. Според Business Insider, истата година тие продале околу 2000 мотоцикли.

Иако Zero и останатите компании кои произведуваат електрични мотоцикли продолжуваат да растат, се уште ги чека долг пат. Повеќето големи компании веќе имаат неколку електрични концепти на кои работат но се далеку од тоа целосно да ги заменат бензинските модели.

Секако, забраната за нови возила кои ќе имаат ICE не значи дека нема да може да се продаваат постарите верзии. Со малку грижа , старите мотоцикли можат да траат долго. Сепак, мислам дека забраната ќе доведе до значително намалување на моделите со внатрешно согорување кои ќе ги гледаме на улиците.

Не сакам да предизвикам паника но навистина мислам дека не сме подготвени за свет без ICE. Батериите се уште не се докрај развиени а наскоро нема да ги имаме ниту хидрогенските келии. А со оглед на тоа дека долго време ги користиме превозните средства кои имаат мотори со внатрешно согорување и инфраструктурата е креирана за нивно полесно користење. За неколку миниути можете да наполните гориво и да заминете на некоја далечна дестинација. Но со електичните мотоцикли состојбата е поинаква а нивните батерии не се прилагодени за долги релации. Дали би се решиле да патувате некаде далеку знаејќи дека нема да можете секаде да го полните мотоциклот? Истото важи и за оф роуд возењето.

Доколку ги отстраниме мотоциклите кои имаат ICE, тогаш повеќе се насочуваме кон возење во урбани средини. Електричните мотоцикли и велосипедите се одлична опција за ова. Но се додека не се развијат целосно моторите и инфраструктурата, елиминирањето на ICE ќе значи и целосна промена на она што го возиме, но и на начинот на кој возиме.

Се уште нема најава дека вакво нешто би можело да се случи во САД. А и во останатите земји, ова е се уште во најава. Без разлика што ќе се случи на крајот, никогаш нема да заборавам дека мотоциклизмот постоеше, беше одлично и јас бев дел од тоа.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.