Вести од светот

MotoE: Шампионатот можеби нема да се одржи?

Првата трка од новиот MotoE шампионат, која требаше да се вози во Херез на почетокот на мај, можеби нема да се одржи.

Следете нè на:

 

Првата трка од новиот MotoE шампионат, која требаше да се вози во Херез на почетокот на мај, можеби нема да се одржи.

Првата трка од новиот MotoE шампионат, која требаше да се вози во Херез на почетокот на мај, можеби нема да се одржи поради големиот пожар кој се случи синоќа на патеката во Шпанија. За време на вториот тест од новата електрична серија изби пожар во заедничката гаража, а според првичните информации, можно е да се уништени сите 18 мотоцикли кои требаше да бидат дел од новиот шампионат.

Jerez Fire 1 14 03

Серијата требаше да започне заедно со првата MotoGP трка која се вози во Европа а потоа да продолжи и на патеките во Ле Ман, Заксенринг, Ред Бул Ринг и Мисано. Сепак, првите луѓе на шампионатот сега се во трка со времето за да ги подготват машините но и инфраструктурата за првата трка.

Покрај мотоциклите, според информациите, во пожарот тимовите загубиле речиси се што им е потребно меѓу кои и алат, компјутери како и опрема за возење. Една позитивна работа е дека нема ниту еден повреден.

Jerez Fire 2 14 03

Бидејќи овие мотоцикли се специјално направени, се сомневаме дека Италијанската компанија Energica ќе успее навреме да креира нови машини.

Вториот тест од серијата се одржа вчера на патеката во Херез. Најдобар беше Бразилецот Ерик Гранадо со време од 1:48.984. Овој резултат е за речиси една секунда подобар од времето кое го постигна Британецот Бредли Смит на истата патека во ноември. Смит вчерашниот тест го заврши на осмата позиција.

Jerez Fire 3 14 03

Во продолжение прочитајте го соопштението кое го испратија од Dorna:

„Пожарот во новоизградената гаража уништи поголем дел од работите кои им се потребни на тимовите од FIM Enel MotoE светскиот шампионат. Во моментов се уште се утврдуваат причините кои доведоа до пожарот. Наскоро ќе објавиме дополнителни информации за точната причина за пожарот како и тоа дали ќе има промени на календарот.“

https://www.facebook.com/MotorcycleNews/videos/251353698977153/

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

Со денешната одлука на Дорна се откажани трките во Германија (Захсенринг), Холандија (Асен) и Финска (КимиРинг).

90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.