Британскиот весник специјализиран за мотоспорт, MCN, известува дека Honda CBR600RR ќе биде одстранета од понудата на компанијата по завршувањето на оваа година.

Британскиот весник специјализиран за мотоспорт, MCN, известува дека Honda CBR600RR ќе биде одстранета од понудата на компанијата по завршувањето на оваа година.

Доколку ваквите информации се покажат како точни, тогаш тоа ќе биде најпознатиот мотоцикл кој ќе стане жртва на новата EURO 4 регулација на штетни гасови. RideApart претходно соопшти дека иста судбина имаат и Kawasaki W800 и Yamaha XJR1300. Сепак се верува дека големо влијание на ваквата одлука има и намалениот интерес на глобално ниво за мотоциклите од категоријата со зафатнина до 600цц.

honda-cbr600rr

MCN, известува дека ваквите информации ги добило од извори од компанијата: „Не беше лесна ваквата одлука бидејќи CBR600 е мотоцикл беше навистина важен за компанијата во текот на изминатите години. Но факт е дека овој модел не се продава во доволен број.“

Се уште не се знае како оваа информација ќе влијае на статусот што овој мотоцикл го има во САД, каде што не важат правилата на Европската Унија. Постои мислење дека тој ќе опстане на пазарот и ќе продолжи да се продава се додека носи профит.

Според MCN, мотоциклот нема да доживее промени за пазарите надвор од Европската унија поради економски причини како и поради внатрешната структура на Honda.

Ако од компанијата се одлучат да го подобрат CBR600RR, тогаш тие ќе сакаат да понудат мотоцикл кој ќе може да се продава на сите пазари. Но сепак, од компанијата бараат од сите региони (Honda America, Honda Europe) да ги поделат трошоците за развој. Се чини дека Honda Europe не остварува доволен профит за да ги оправда трошоците, а од Honda America сметаат дека немаат потреба да го подобруваат мотоциклот за да исполнат стандарди кои воопшто не им се поребни.

Засега сите инфорации се само на ниво на шпекулации и мора да се напомене дека понудата на Honda варира од еден пазар до друг.

Back To Top