Вести од светот

MV Agusta во преговори со нови инвеститори

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Следете нè на:

 

Според информациите кои ни пристигнуваат од Италија, MV Agusta преговара не со еден туку со тројца инвеститори кои би го презеле делот на Mercedes-AMG во компанијата.

Како што веќе имаме кажано, MV Agusta се наоѓа во деликатна финансиска ситуација и веќе е нестабилна соработката меѓу Италијанскиот производител на мотоцикли и Германскиот автомобилски гигант.

MV Agusta  би сакала да ја прекине соработката со Mercedes, но во тој случај, Италијанската компанија ќе треба веднаш да го исплати долгот што го има.

За да дојде до разделба, на MV Agusta ќе и треба не само инвеститор кој ќе може веднаш да вложи пари туку и некој кој ќе може да го покрие долгот од 15 милиони евра кој ќе се активира откако Mercedes-AMG ќе си замине.

Според денешните информации, MV Agusta веројатно успеала да најде неколку заинтересирани странки. Според Италијанскиот весник  „Il Giorno “, MVAgusta е во преговори со три потенцијални инвеститори. Двајца се инвестициски фондови, а третиот е Италијански трговец.

Се претпоставува дека за да успее договорот, MV Agusta нуди поголем дел од својата компанија, односно не само 25% колку што имаше Mercedes-AMG, за сума помеѓу 25 и 50 милиони евра.

Сосема е можно извршниот директор на MV Agusta, Џовани Кастилиони, да понуди 49% од компанијата во обид да го собере потребниот капитал.  Според весникот, договорот би требало да се финализира до крајот на септември. 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.