Вести од светот

F1 технологија кај идните модели на Honda

Honda гледа кон Формула 1 за да одговори на побарувачката на почисти мотори.

Следете нè на:

 

Honda гледа кон Формула 1 за да одговори на побарувачката на почисти мотори.

Овој патент ни открива еден супербајк мотор кој има нешто налик на преткоморно согорување, дел кој е универзален кај Формула 1 болидите.

Иако хибридниот, „turbocharged“  V6 е далеку од она што го имаме кај мотоциклите, јасна е побарувачката на ефикасни и моќни мотори кои имаат голем број на вртежи.

Концептот ја дели комората за согорување на два дела. Едниот сектор се полни со многу слаба смеса на гориво и воздух. Малата преткомора пак добива многу побогата смеса.

Идејата е дека приклучокот лесно може да ја запали богатата смеса која се наоѓа во преткомората. Тоа пак му овозможува на огинот да влезе во главната комора и да се осигура дека послабата смеса ќе гори ефикасно, без да ги трпи последиците од лошото согорување.

honda fireblade

Преткомората за согорување кај Формула 1 е комбинирана со директно вбризгување на горивото а според правилата, еден цилиндар може да има само еден инјектор. Овие правила не влијаат врз дизајнот на Honda и затоа тие користат систем кој има двојно вбризгување. Тоа значи дека има еден индиректен инјектор кој се однесува на влезниот дел, нешто што веќе го има кај повеќето модери мотоцикли и еден кој додава гориво во преткомората со цел да се добие побогата локална смеса.

Двојното вбризгување и преткомората за согорување се добро етаблирани (Honda користеше верзија на оваа идеја уште во седумдесетите години кај оригиналниот Civic), но овој дизајн е интересен бидејќи ги дели преткомората и главната комора за согорување. Самата комора во голема мерка е составена од ротационен вентил кој е придвижуван од ланец. Во суштина, тоа е ротирачко куќиште. Ги поврзува двете комори за време на „exhaust и intake strokes“ , погрижувајќи се сите потрошени гасови да бидат заменети со нови. Потоа ја одделува преткомората за да му овозможи на неговиот директен инјектор да додаде повеќе гориво во тој дел.

Кога приклучокот ќе го запали горивото, вентилот се отвора за да открие низа на дупки. Така пламенот се насочува директно кон главната комора и се осигурува дека послабата комбинација на воздух и гориво, согорува што е можно подобро. Конечен резултат? Максимална моќност и ефикасност а помалку штетни гасови. Кога ќе стапат на сила Euro 6 правилата, компаниите ќе мора да ја прифатат оваа технологија ако сакаат да бидат во согласност со регулативите без да ги жртвуваат перформансите.

Целиот процес во детали:

honda f1 technology

Кај inline four-cylinder моторот кој го има на патентот на Honda, еден „schaft“ ги носи ротирачките куќишта кај сите цилиндри.

rotary prechamber

Ротирачко куќиште го сочинува главниот дел од преткомората. Може да го одели главниот инјектор и делот за палење од главната комора за согорување.

prechamber sequence 2

Куќиштето се ротира за да се оддели преткомората од главната комора и отвора мал дел преку кој дирекниот инјектор додава повеќе гориво во смесата.

prechamber sequence 3

На местото на согорување, куќиштето го изложува поголемиот отвор кон делот за палење а помалите отвори се насочени кон главната комора и го пренесуваат огинот со цел да се запали послабата мешавина на гориво и воздух.

prechamber sequence 1

Кај „exhaust и intake strokes“, ротирачкото куќиште има широк отвор за чистење на издувните гасови и повторно полнење со свежа смеса.

Би можело да ве интересира

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Возачот на Repsol Honda, Марк Маркез, зборува за можните ривали во сезоната 2021 и колку време ќе му треба за да биде повторно 100% подготвен.

Мотоциклистичката федерација на Македонија во сабота (06.03.2021) ќе ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2020 година.

Honda, KTM, Piaggio и Yamaha потпишаа договор за креирање на „swappable batteries consortium“.

На интернет се појавија фотографии кои покажуваат дека Kawasaki тестира нов H2 SX SE+ кој ќе биде опремен со најнова технологија.

Преставени мотоциклите со кои во сезоната 2021 ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.