Вести од светот

Ducati објави зголемен профит од 21% за 2012 година

Како што се предвидуваше, Ducati Motor Holdings објавија импресивен извештај за продажбата во 2012 година со 44,102 моторцикли доставени до клиентите.

Следете нè на:

 

panigale-rs13Ducati Panigale RS, еден од новите модели со прилично висока цена

Како што се предвидуваше, Ducati Motor Holdings објавија импресивен извештај за продажбата во 2012 година со 44.102 моторцикли доставени до клиентите.

Можеби уште поважно е тоа што американскиот пазар ја зацврсти својата позиција како најважен пазар на брендот. 2012 година официјално стана најуспешна година на Ducati.

„Ducati ја заврши 2012 година со приходи од 606 милиони евра, што претставува зголемување од 16% во споредба со 2011 година и вкупно 44.102 моторцикли испорачани на купувачите“, изјави извршниот директор на Ducati Motor Holdings, Габриеле Дел Торкио.

„Нашата стапка на раст е особено импресивна во САД, моментално нашиот примарен пазар, со зголемување од 21% во споредба со 2011 година. Со тоа се потврдува позитивен тренд во оваа земја, каде што продажбата на Ducati се зголемува постојано во изминативе 30 месеци.“

„Ние исто така постигнуваме одлични резултати на далечниот исток благодарение на маркетинг стратегијата која е насочена кон нови пазари.“

„Овие позитивни бројки ја потврдуваат вредноста и посветеноста на нашиот персонал и на нашиот бренд, станувајќи популарни, ценети и препознатливи низ целиот свет,“ продолжи Дел Торкио.

„Производите од 2013 година, вклучувајќи ги Multistrada, Hypermotard, Hyperstrada и 1199 Panigale R, се израз на технолошкиот квалитет и емоционалното влијание на нашите производи, што е важно во сегашната високо конкурентна економска клима. Дукати е, и ќе продолжи да биде производствено ориентирана компанија, со развојот и иновацијата како темел на нашата стратегија.“

Овластен увозник за моторите Дукати во Македонија е фирмата Динамикс.

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.