Вести од светот

BMW ќе инвестира 200 милиони евра во центар за електрични батерии

Може да се претпостави дека истражувањето на BMW во овој сегмент ќе му одговара и на BMW Motorrad со оглед на тоа дека и одделот за мотоцикли на компанијата подетално започна да ги истражува електричните мотоцикли.

Следете нè на:

 

Доколку не сте запознаени, најактуелно нешто во моментов во светот на транспортот се електричните возила. Поради оваа причина не треба да ве изнанеди неодамнешната инвестиција на BMW во висина од 200 милиони евра во нешто што германскиот бренд го нарекува „battery cell competence centre“.

Прилично големата капитална инвестиција, базирана во Минхен, е насочена кон развојот на електричните превозни средства и желбата на Германскиот бренд за развој на следната генерација на електрични возила.

bmw c evolution

Поточно, оваа фабрика ќе му овозможи на BMW да развива нови дизајни за батериите, поинакви соединенија и технологии. Сето ова е направено со цел да се задоволат се поголемите барања на одделот за автомобили на компанијата.

Фабриката исто така ќе му помогне на BMW да создаде модуларен и интегриран електричен погон кој пак ги обединува електричниот мотор, преносот и батеријата во една единица и кој треба да биде замена за досегашниот сетап на BMW.

Од компанијата го нарекуваат како електричен погон од петта генерација и се надеваат дека ќе биде дел составен дел од возилата веќе во 2021 година.

Овој временски период се совпаѓа и со периодот кој го дадоа и неколку други компании за тоа кога треба да се очекува имплементација на „solid-state batery“ технологија. Од BMW велат дека планираат да започнат со користење на овие батерии до 2026 година.

Претставници на компанијата исто така велат и дека „петтата генерација на електричен погони исто така користи нови, далеку помоќни батерии. Според информациите, тие би можеле да се сместат во сите автомобили на BMW што му овозможува на Баварскиот гигант да ја електрифицира целокупната автомобилска линија, нешто слично на „Roadmap“ иницијативата на Volkswagen.

Може да се претпостави дека истражувањето на BMW во овој сегмент ќе му одговара и на BMW Motorrad со оглед на тоа дека и одделот за мотоцикли на компанијата подетално започна да ги истражува електричните мотоцикли. Исто така важно е да се напомене и дека петтата генерација на електричниот погон не зависи од употребата на ретки метали кои во иднина би станале недостапни или премногу скапи.

Според ова може да се забележи дека BMW гледа подалеку во иднината во однос на развојот на електричните возила. Се чини дека на постарите компании им е потешко да разберат дека иднината е во електричните возила но според она што го видовме денеска, изгледа дека и старите кучиња можат да научат нови трикови.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.