Ducati објави заедничко соопштение со „Parques Reunidos“ голема компанија која е дел од забавната индустрија, дека во рамки на нивниот забавен парк Мирабиландиа, на посебен дел кој ќе биде со големина од 32.000 m2 ќе биде изграден тематски парк наречен „Ducati World“.

Ducati објави заедничко соопштение со „Parques Reunidos“ голема компанија која е дел од забавната индустрија, дека во рамки на нивниот забавен парк Мирабиландиа, на посебен дел кој ќе биде со големина од 32.000 m2 ќе биде изграден тематски парк наречен „Ducati World“. Мирабиландиа е втор најголем забавен парк во Италија и се наоѓа во непосредна близина на седиштето на Ducati. Паркот веќе има ролеркостер во кој луѓето седнуваат во нешто што наликува на формула 1. Но Ducati мотоцикл би било нешто поинтересно, нели?

Mirabilandia top

Како додаток на ова ќе има неколку симулатори како и делови кои се наменети за деца. Секако дека ќе има изложбен салон во кој ќе бидат прикажани Ducati и Scrambler мотоцикли, тематски ресторан како и продавница во која ќе може да се купи облека и сувенири.

„Многу сме горди што ќе бидеме домаќини на бренд каков што е Ducati бидејќи ги претставува адреналинот и пасијата која е карактеристична за Италијанците,“ изјави Рикардо Марканте, генерален менаџер на Мирабиландиа. „Ова се вредностите кои целосно го опишуваат искуството кое нашите посетители го доживуваат во паркот.“

Секако дека ова го покренува прашањето во однос на тоа дали Ducati World е наменет да ги привлече оние кои се уште не се навлекле на мотоциклизмот или пак ќе биде посветен на оние кои се веќе дел од тој свет.

Проектот се очекува да биде отворен во 2019 година.

Back To Top