Вести од светот

Аукција на мотоцикли донесе изненадувачки резултати

Оние мотоцикли за кои очекувањата беа големи не се продадоа, други се продадоа за неочекувана цена, а моделот на BMW Renosport од 1954 година беше продаден за најмногу пари.

Следете нè на:

 

1939-BMW-RS-255-KompressorМоторот од кој се очекуваше најмногу не се продаде, BMW RS255 Kompressor од 1939 година

Aукцијата на мотоцикли „Бонхамс Лас Вегас“ која се одржа во средата даде неколку вознемирувачки и изненадувачки резултати.

Оние мотоцикли за кои очекувањата беа големи не се продадоа, други се продадоа за неочекувана цена, а моделот на BMW Renosport од 1954 година беше продаден за најмногу пари.

Моделот на BMW,  за кој се смета дека бил користен од фабричкиот тим за време на шампионската сезона од 1954 година, беше продаден за 148.000 долари вклучувајќи ја и провизијата.

Screen-shot-2012-12-23-at-3.29.58-PMHarley-Davidson “Peashooter” од 1929 година со јажиња наместо гуми беше продаден за 60.000$

Моделот од 1952 година, Vincent 998cc Black Shadow, достигна цена од 118.000 долари. Тоа беше единствената друга  продажба која достигна цена со шест броеви, покажаа резултатите на Бонхамс. Претставник на аукциската куќа изјави дека е можно некои од мотоциклите кои што не се продадоа за време на аукцијата  да се продадат подоцна , доколку продавачите и купувачите се договорат за цената.

Редок, бел модел на Mars 956cc A20 од 1920 година, кој претходно беше дел од музејската колекција на Отис Чендлер, издавач на Los Angeles Times, се продаде за 75.000 долари,  далеку под проценетата вредност од  100.000 до 125.000 долари.

799px-1920 Mars A20 956cc Mars 956cc A20 од 1920 година се продаде за 75.000 долари

Моделот за кој се очекуваше да достигне највисока цена, BMW RS255 Kompressor од 1939 година, и кој беше оценет помеѓу 500.000 и 600.000 долари, не го достигна минималниот влог и беше повлечен од продажба. Уште еден мотор кој не успеа да се продаде беше моделот Ace Four од 1928 година за кој се претпоставуваше дека ќе достигне цена помеѓу 200.000 и 250.000 долари. Husqvarna 400, крос мотор од 1970 година, порано во сопственост на Стив Меквин, исто така не се продаде.

Screen-shot-2012-12-23-at-3.38.57-PMAce Four од 1928 не се продаде за предвидената цена од 200-250.000

Неодамна откриениот примерок на Leo 1905, за кој се смета дека е единствениот останат мотоцикл од овој вид, се продаде за изненадувачки скромна цена од 24.000 долари.

Leo-1905Единствениот останат примерок на Leo 1905 се продаде за само 24.000 долари

 

Би можело да ве интересира

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.