bmw-eicma-2012-7Германскиот производител BMW Motorrad на почетокот на 2013 година се пофали со уште подобри бројки во однос на минатата година.

bmw-eicma-2012-7

Германскиот производител BMW Motorrad на почетокот на 2013 година се пофали со уште подобри бројки во однос на минатата година.

2012 година е заокружена со пораст на продажбата за 2 проценти, односно вкупно 106.358 мотоцикли, а посебна гордост за марката е и фактот што најголем пазар останува Германија каде се продале речиси петина од мотоциклите (20.516).

Следуваат американскиот (12.100) и францускиот пазар (10.950), а изненадување е трендот на продажба во Бразил каде во 2012 година се продадени 7.442 производи на BMW.

Идентично како и последните години, најпродаван е ендуро моделот R 1200 GS кој бил продаден во вкупно 17.249 примероци, по што следуваат F 800 GS и R 1200 GS Adventure.

Големо влијание брз овие рекордни бројки имаше и продажбата на моделите на Husqvarna која минатата година продаде 10.751 мотоцикл, а на пазарот покрај мотокрос моделите, најдобро поминале Nude 900 и 900 R.

Back To Top