Вести од светот

2021 рекордна по продажба на нови мотори

И не е толку големо изненадување ако кажеме дека и во 2021 година сакавме што е можно повеќе да се одвоиме од пандемиската реалност и да побегнеме барем на едно попладне некаде каде нема да мислиме на тоа, нели? А како подобро да се препуштиме на уживање ако не на мотор?

prodazba 2021

И годинава продажбата на нови мотори не запира, компаниите почнаа да ги објавуваат продажните бројки а тие ги надминуваат минатогодишните. Меѓу компаниите кои излегоа со официјални бројки се и BMW Motorrad и брендовите под капата на Австрискиот Pierer Mobility Group, секако дека зборуваме за KTM, Husqvarna и GasGas. 

BMW Motorrad, извести за бројка која ја надминува и нивната претходна рекордна бројка на испорачани нови единици, тие во 2021 низ целиот свет, од сите достапни модели произвеле и испорачале 194,261 парчиња. Ова претставува раст од скоро 15% во споредба со минатата година, 2020. Пред 2021 рекордна година за BMW Motrrad била 2019, со вкупно продадени 175,162 мотори.

Нема изненадување и за тоа кој модел најмногу се продавал од овој производител, така? Секако тоа е кралот R 1250 GS на кој отпаѓа скоро третина од сите продадени мотори од германскиот производител. Тие велат дека добро поминуваат кај купувачите и новиот R18 и S 1000 R. 

Неколку дена претходно со своја рекордна година се пофалија и Австријците Pierer Mobility Group. Оваа групација бележи 11 години последователен раст. Тие во 2021 продале вкупно 332,881 мотори што е пораст во споредба со 2020 година за 23%. Скоро една третина од продадените мотори биле во Европа а останатите низ целиот свет. За жал целосниот извештај не е уште достапен и нема детали за распределбата по брендови и модели. 

Според официјалните извештаи и Ducati се пофали со рекордни бројки за 2021 и тоа 59,447 продадени мотори со што го надминале личниот рекорд во својата 95 годишна историја на постоење. Растот во споредба со минатата година е 24% а во споредба со претхдоната, рекордна 2019, е 12%. Очекувано, број еден пазар за Италијанците беше американскиот а и кај моделите нема некои големи изненадувања. Листата на најпродавани ја води Multistrada V4 со 9,957 продадени мотори но веднаш до него се и Scrambler 800 моделите со продадни 9,059 парчиња и новиот Monster со продадени 8,734 единици. 

Ни јапонците не останаа со куси ракави. Според националната асоцијација на производители извозот на мотори во 2021 од јануари до ноември 2021 регистрирал 233,059 мотори над 51 кубен сантиметар што претставува 20% повеќе во споредба со 2020. Со овие бројки 2021 станува втора рекордна година на извезени мотори од Јапонија по рекордната 1998 кога се извезени над 318 илјади парчиња.  

Според MotorcyclesData, глобалната продажба на мотори исто така е во пораст а на глобално ниво најголем раст имаат кинеските брендови, на чело со Niu. Нивните статистики ги земаат предвид првите 11 месеци од 2021 а вклучуваат не само моотори туку и скутерите, но само оние на две тркала, не се вклучени рикшите, атв и утв возилата. 

Според тие збирни статитстики Honda и понатаму е на врвот на глобалната листа но нејзиниот удел е намален во споредба со минатите години. Ако во 2019 имале скоро 34% а во 2016 над 35% од вкупниот пазар, минатата година нивниот удел е под 30% или поточно 29,9% од вкупната глобална продажба на мотори. Глобалната продажба според изворот бележи раст од 14,7% 

Второто место на листата го држи кинескиот производител Yadea кои всушност бележат огормен раст благодарение на електричните скутери. На трето место е индискиот Hero Moto а на четврто Yamaha.  

Иако некои челници на гоилемите производители прогнозираат дека овој тренд на раст нема да може да продолжи по завршување на пандемијата, сепак мора да бидеме оптимисти. Иако не сите еднакво, сепак сите растат и мора да признаеме ова се добри години за производителите на мотори и сите ние треба да бидеме позитивни за трендов и да се надеваме дека нема да застане по пандемијава.

Би можело да ве интересира

Како што забележавме на претходната трка во Британија, на тројцата најбрзи им се приклучува и Redding.

Кон крајот на минатиот месец ја имавме честа и задоволството да бидеме дел од првото европско демо возење организирано за медиумите од страна на CFMOTO Франција. 

Победи во сите 3 трки во Donington Park како најава за враќање на Турчинот во одбрана на титулата.

Сите знаеме колку жртви се потребни за постигнување спортски успеси на врвно ниво, но возачите во MotoGP едноставно одат неколку чекори подалеку.

Не баш секој ден на тајмлајн ти поминуваат слики од некој што рачно изработува кациги, особено не тука во Скопје, Македонија. 

Без паника, ова е почеток на едно ново поглавје за култната фабрика од Болоња, но не е и збогум за гласните V2-ки и V4-ки.

Листа на мото настани

Мото клубот No Limit поканува на мото собир на 20 август во Маврово. 

  • 20 Август 2022 - 20 Август 2022
  • Ратрак Маврово

Ноќни Волци Балкан: Интернационален мото собир.

  • 09 Јули 2022 - 09 Јули 2022

Најава за мото собирот на МК ЏИНКА Радовиш кој ќе се оддржи на 29/30/31 јули 2022 година. Повеќе детали наскоро.

  • 29 Јули 2022 - 31 Јули 2022
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.