Благодарение на нашиот спонзор EuroMoto , имавме можност да ја тестираме врвната кацига од гамата на Marushin - 999NX.
Марушин е фабрика која се занимава со производство на кациги уште од далечната 1958 кога во Токио го започнала производството на првите модели. Фабриката се вбројува во пионерите кои почнале да работат со фиберглас технологија како обвивка за високо-квалитетни кациги.
Моделот кој го тестиравме - Marushin 999NX е карактеристична по тоа што тежи само 1300гр., но бројката не значи ништо додека не ја ставите на глава. Кацигата е навистина удобна и воопшто не заморува додека ја носите.
Вградениот систем против навалување на кацигата (M.A.R.O.), функционира онака како што треба, односно не дозволува лизгање на кацигата напред и назад кога е врзано ремчето.
Дизајнот на кацигата е навистина аеродинамичен, нешто за што и самиот производител става акцент во рекламните материјали. Дека не се работи само за визуелна аеродинамичност се уверивме кога ја тестиравме на поголема брзина. Кацигата одлично го сече воздухот, и што е најбитно, навистина е стабилна.
Уште еден податок кој најчесто ги интересира купувачите на кациги е колку кацигата е бучна. Кацигата не е многу тивка, но не е пак ни премногу бучна. Не ја очекувајте тишината која ќе ја добиете пример со еден Shoei, но од друга страна пак, и цената е половина од Shoei.
Кацигата ја препорачуваме на сите возачи на спортски мотори, кои сакаат удобна и лесна кацига, и имаат потреба од стабилна кацига која без проблем ќе ги издржи големите брзини.
Кај увозникот на Марушин можете да најдете и визири во боја, фото сензитив визири како и новите визири со фолија, кои од надворешна страна имаат одредена апликација, а од внатрешната се нормално видливи.
За подетални информации посетете го салонот на ЕуроМото кој се наоѓа во склоп на Олимпискиот Базен во Скопје, или обратете се на тел. 02/ 32 32 331