Тестови

Honda CBR500R: Конкурентна цена и спортски изглед

Наменети за Европската А2 класа, односно млади возачи кои немаат големо искуство, триото за прв пат беше претставено во 2013 година и понуди комбинација на перформанси и цена кои овие мотоцикли веднаш ги направија популарни.

Следете нè на:

 

Овогодинешната подобрена CBR500R и нејзините дво цилиндрични роднини, CB500F и CB500X, ги заменуваат моделите кои беа меѓу најпопуларните мотоцикли на Honda во изминатие години. Наменети за Европската А2 класа, односно млади возачи кои немаат големо искуство, триото за прв пат беше претставено во 2013 година и понуди комбинација на перформанси и цена кои овие мотоцикли веднаш ги направија популарни.

cbr500r 2017 10

Моделот CBR500R кој е и најспортски, има изглед кој е инспириран од моделот Fireblade. Се поставува прашањето дали овој модел заслужува R буква која му е додадени со оглед на фактот дека го дели истиот 471cc, „parallel-twin“ мотор како и повеќето од деловите на шасијата со другите два CB500 модели.

Но новиот модел на CBR е променет и има LED светла. Покрај агресивниот изглед, позицијата на возење е речиси непроменета, со мала разлика на рачките кои сега се малку повисоки, а додадени се и плус држачи за нозе.

cbr500r 2017 2

И покрај тоа што од Honda велат дека перформансите се подобрени, многу малку е променето на моторот пред се поради тоа што неговата моќност веќе се наоѓа на лимитот на А2 класата. Подобрен е менувачот кој има шест брзини, а промени има и кај издувот. Крајниот резултат нуди поголемо уживање во споредба со неговиот претходник. Максималната брзина изнесува 177 километри на час, а бројот на вртежи во минута сега изнесува 8,700. Промената на надворешниот изглед спречува струењето на воздухот да ви претставува проблем додека возите што го прави уште попријатен.

Мала промена има и кај челичната шасија, а главната промена е кај предната вилушка. Иако неговата тежина изнесува 194 килограми тој сепак е лесен во споредба со останатие модели иако е еден од најголемите во класата.

cbr500r 2017 1

Лесен е за управување дури и при поголема брзина, а и квалитетот на возење е одличен поради суспензијата. И сопирањето е добро благодарение на единечните предни и задни дискови кои имаат ABS. Рачките може лесно да се прилагодат во зависност од висината на возачот, а резервоарот на мотоциклот е малку помал. Но со едно полнење би можеле да поминете 300 километри.

Седиштето иако е променето сепак е одлично за подолги патувања. На него има и рачки за совозачот. Кај овој модел, Honda успеа да го подобри неговиот изглед но сепак ја задржа разновидноста која привлече голем број на возачи. И покрај тркчкиот изглед, овој мотоцикл е многу повеќе наменет за секојдневно возење и не е само спортски мотоцикл.

Уште еден битен фактор е неговата цена која изнесува 6.990 € што го прави еден од најскапите А2 модели. Но со оглед на подобрувањата тој е еден од најдобрите во класата.

Овластен увозник за Хонда во Македонија е фирмата Макпетрол. Салонот на Хонда се наоѓа во Скопје на бул. Илинденска, во близина на СРЦ „Борис Трајковски“. Контакт телефон: 02/ 30 90 707

Факти:

Honda CBR500R

471cc четири тактен „parallel twin“ мотор со шест брзини

Цена: 6.990 €

Моќност: 47bhp @ 8.500 rpm/32lb ft @ 7.000 rpm

Максимална брзина: 190 км/ч

Опсег: 300 км

Конечна оцена: Иако не е толку тркачки како што изгледа сепак нуди одлични перформанси при конкурентна цена.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На ред е седмата рунда од МотоГП шампионатот која викендов ќе се вози на патеката Каталуња во близина на Барселона.

Валентино Роси вели дека нема причина за загриженост околу неговата иднина во Премиерната класа и покрај тоа што го имаше можеби најлошиот викенд во неговата 23 годишна кариера.

Нашите извори од MotoGP гаражите откриваат дека би можело да има големи промени на патеката во сезоната 2020.

Кога дојде поканата за присуство на презентацијата на двата мотоцикли на Honda, CB650R и CBR650R, навистина бев заинтересиран да отидам. На хартија, моделот 650 изгледа како еден од најпотценетите модели но навистина сакав самиот да проценам дали тоа е вистина или не.

Откако Данило Петручи победи на трката во Муџело, Џек Милер вели дека би бил среќен доколку остане дел од тимот и во 2020 година.

Дали затворањето на визирот на вашата кацига го прави воздухот што го дишете опасен?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.