Патеката во Мизано беше отворена за „SIC DAY“ настанот кој се оддржа во чест на Марко Симончели. Овој настан исто така ќе и помогне и на неговата фондација.

simoncelli 0.big

После три претходни изданија, овој настан продолжува да расте и да нуди различен број на настани на се поголем број на возачи од светот на MotoGP, WSBK, Supermoto и MX, притоа нудејќи им на фановите, пријателите и фамилијата да се соберат заедно и да му оддадат почит на Марко Симончели.

Настанот оваа година ќе се оддржи на патеката Мизано, но целта останува иста, да се соберат средства и да се поддржи фондацијата Марко Симончели која е создадена за да го продолжи неговото наследство.  Италијанецот, трагично загина на трката во Малезија во 2011 година.  Задача на неговата фондација е да го продолжи сеќавањето на него и да помогне во разни други хуманитарни настани. Сега патеката, која го носи неговото име, ги отвори вратите на 5 и 6 декември за возачите на две и четири тркала.

На програмата имаше богат избор од неколку различни дисциплини, старувајќи со спектакуланото лизгање на Fast Track трката. На неа се натпреваруваа возачи од различни дисциплини. Исто така имаше и акробатски настапи со мотоцикли. Возбудливо беше што посетителите не видоа само возачи кои моментално се натпреваруваат бидејќи и Грациано Роси (таткото на Валентино Роси) се натпреваруваше во затворената трка.

Трки се оддржуваа и на Картинг патеката каде што неколку познати италијански личности, меѓу кој и DJ Ringo и John Di Pillo, се натпреваруваа против професионалци.

Специјална изложба се оддржа во Корани, каде што фановите можеа да дознаат повеќе за Марко Симончели, шампион и љубител на спортот и амбициозен натпреварувач.

Back To Top