(Време на читање: 1 - 2 минути)


KTM објави дека Французинот Сирил Деспре го напушти тимот, после долга и успешна соработка со Австрискиот производител. 38 годишниот Деспре освои 5 Дакар титули со тимот на KTM, во 2005, 2007, 2010, 2012 и 2013 година.

cyril-despres-ktm-2013-dakar-rally-11

Заврши едно од најголемите партнерства на Дакар

KTM објави дека Французинот Сирил Деспре го напушти тимот, после долга и успешна соработка со Австрискиот производител. 38 годишниот Деспре освои 5 Дакар титули со тимот на KTM, во 2005, 2007, 2010, 2012 и 2013 година.

Во извештајот за медиумите, KTM наведе дека Деспре сака да продолжи понатаму и да се соочи со нови предизвици. Пит Беиер, шефот на KTM Motorsports изјави: „Неговите достигнувања се познати во мотоспортот и тој засекогаш ќе биде дел од историјата на нашата компанија. Му благодариме за неговиот придонес и му посакуваме се најдоборо во иднина.“

Деспре допрва треба да објави која ќе биде неговата следна цел, но шпекулациите велат дека ќе продолжи со тимот на Honda.

Американецот Курт Касели ќе го завземе местото на Деспре и ќе биде дел од ново именуваниот тим Red Bull KTM Factory Racing, заедно со Марк Кома, Рубен Фариа и Франческо Лопез.

Каква ќе биде иднината на KTM по заминувањето на Деспре? Каква ќе биде и неговата иднина? Дали Австрискиот тим ќе остане на врвот по заминувањето на нивниот талисман? Останува да видиме.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: