Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

Ваквата информација преставува изненадување со оглед на тоа дека во минатото релито се оддржуваше во неколку земји во Јужна Америка (Аргентина, Боливија, Чиле). Но поддршката во овие држави постепено се намалуваше.

Во последно време се повеќе се засилува идејата релито Дакар да се врати во Африка од 2020 година.

Sam Sunderland KTM 2018 Dakar Rally 14

Сето ова значи дека за прв пат во историјата на релито, тоа ќе се оддржи само во една држава. Ваквата одлука пред се се должи на тешката економска состојба во Аргентина и Чиле. „ASO“, Француската организација која управува со релито не успеа да постигне согласност со властите во Боливија кои сакаа во релито да бидат вклучени повеќе региони од државата. Откако не беше постигнат договор, остана само Перу како единствена опција за следната година. А со оглед на ситуацијата во Јужна Америка, организаторите одржаа средби со високи претставници на неколку Африкански држави, пред се Алжир, Ангола и Намибија.

Ова ќе преставува враќање на релито на своите корени иако безбедносните проблеми во некои од државите се уште преставуваат реалност.

Враќањето на Африканскиот континент би можело да се случи најрано во 2020 година иако точниот датум се уште не е утврден.

Меѓу другите промени во 2019 година се и новиот правилник кој ќе им овозможи на натпреварувачите кој мораа да се откажат поради технички проблеми да се вратат на релито после слободниот ден и да се натпреваруваат во новата „second chance“ класа.

Овој потег би требало да ги задржи заинтересирани фановите, а исто така и да им помогне на тимовите кои вложиле големи средства и напори за да бидат дел од натпреварувањето.

Back To Top