Останато

TT 2018: Кругови со брзина од 210 километри на час на првата Супербајк сесија

Сонцето продолжува силно да свети на Isle of Man во пресрет на вториот тренинг. Сесијата го одбележа првиот настап на машините со зафатнина од 1000cc, а возачите не сакаа залудно да ги потрошот прекрасните временски услови.

Следете нè на:

 

Возачот на Silicone Engineering, Дин Харисон го постави темпото и притисна уште од самиот старт, постигнувајќи притоа брзина од 210 км/ч. Дури ни 15 кратниот победник и сопственик на рекордот за најбрз круг, Мајкл Данлоп, не успеа да му се приближи. Тој со својот Tyco BMW постигна најголема брзина од 208 километри на час.

harrisonmon

Вториот круг Харисон веќе го возеше со просечна брзина од 211.429 километри на час додека пак во третиот круг имаше просечна брзина од 211.261 км/ч.

Откако се префрли на втората Tyco BMW „тест машина“, Данлоп постигна брзина од 210.964 километри на час и се најде на второто место.

Питер Хикман, после два круга со својот Smiths BMW супербајк се најде на третото место откако постигна брзина од 207 км/ч. Потоа тој се префрли на Суперсток машината и постигна брзина од 209.567 километри на час. На крајот успеа да се искачи на првото место во Суперсток категоријата и заврши пред Конор Каминс и Дан Нин.

Нин го имаше четвртиот најдобар резултат во Супербајк категоријата откако постигна брзина од 207.264 км/ч. На крајот се најде пред  Дејвид Џонсон од Gulf BMW кој постигна брзина од 205.490 километри на час.

Џејмс Хилер имаше шеста најголема брзина откако еден круг просечно го возеше со 204.869 км/ч и на крајот заврши пред Иван Линтин. Иан Хачисон во својата прва вечер со Honda Racing имаше просечна брзина од 202.524 км/ч. Џејми Кауард и Џош Брукс ги заокружија првите десет возачи.

Иван Лентин беше најбрзиот возач со Суперспорт машина откако постигна брзина од 198.855 километри на час. На крајот тој се најде пред Џејми Кауард и Дерек МекГи.

superbikemon

Би можело да ве интересира

Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.