Yamaha ја одбрани титулата на трката Suzuka 8 Hours, а нејзините возачи Пол Еспаграро, Кацујуки Накасуга и Алекс Ловс доминираа на легендарната јапонска трка.

Тимот на Yamaha втора година по ред оствари победа на трката Suzuka 8 Hours откако нејзините возачи Пол Еспаграро, Кацујуки Накасуга и Алекс Ловс доминираа на престижната трка на издржливост.

jamaha pobeda 8hsuzuka

Минатата година Еспаргаро, Накасуга и Бредли Смит ја остварија првата победа за тимот на оваа трка по 1996 година.

Променетиот тим, Ловс настапуваше на местото на Смит, имаше малку полесна задача откако нивните најголеми ривали, Musashi Honda, за кој настапуваат Такуми Такахаши, Михаел ван дер Марк и Ники Хејдн, на крајот на третиот час од трката мораа да застанат поради технички проблем.

Еспаргаро имаше предност од 1минута и 22 секунди пред да му го предаде R1 на Накасуга.

Јапонскиот шампион кој е  исто така и тест возач за тимот на Yamaha имаше лош старт на трката но за кратко време успеа да се врати и после првиот пит стоп веќе беше во предност. Веднаш по него настапи возачот од WSBK серијата, Ловс, кој продолжи да вози во ист стил пред да му го предаде мотоциклот на Еспаргаро.

Непречени од никого, триото на Yamaha продолжи да вози со високо темпо и на крајот заврши со предност од 2 минути и 17 секунди пред своите ривали.

Секој од возачите имаше три сесии на патеката кои траеа точно еден час. Последната сезија се возеше навечер. Ловс ја имаше честа прв да ја помине целната линија а Еспаргаро, Накасуга и остатокот од тимот победата ја прославија покрај патеката.

Ова ќе биде последен настап за Еспаргаро на оваа трка во блиска иднина бидејќи од следната сезона тој ќе настапува за тимот на КТМ во MotoGP серијата.

„Чувството е неверојатно. Ова е историска трка и ние два пати победивме. Чувството кога обедуваш по втор пат е секогаш подобро,“ изјави Шпанецот.

Ловс, за кого ова е прва победа на оваа патека, додаде: „Ова е фантастично. Во последниот половина час се погрижив да не направам никаква грешка. Ова е различен стил на возење но сепак уживав. Можеби следната година повторно ќе се обидеме да го постигнеме истиот резултат.“

Официјалниот тим на Kawasaki за кој настапуваа Акира Јанагава, Казуки Ватанабе и Леон Хаслам заврши на второто место со предност од 10 секунди во однос на тимот Yoshimura Suzuki за кој настапуваа Такуја Цуда, Џош Брукс и Супербајк легендата, Норијуки Хага.

YART, Moto Map Suzuki и Eva RT завршија од четвртото то шестото место.

Надежите на Honda за освојување на нова победа на оваа трка згаснаа кога поранешниот MotoGP шампион Хејдн мораше да застане. Американецот, кој почна да вози од дваесетиот круг, почна да има проблеми само што ја напушти гаражата. Иако се уште беше на второто место, Хајден имаше заостанување од  50 секунди во однос на Еспаргаро.

 Ова е втор ваков проблем за тимот на MuSashi RT Harc Pro Honda. Минатата година, Кејси Стонер доживеа ист проблем додека беше лидер на трката.

Во поголемиот дел од првиот час на трката, РиучиКијонари беше лидер се додека Накасуга не успеа да го претекне.

Тимовите на Kawasaki и Suzuki имаа интересна борба за второто место. Посебно интересен беше дуелот меѓу Хаслем и Хага.

На крајот Хаслем успеа да победи и покрај тоа што имаше мали проблеми со возачите кои се наоѓаа пред него.

Тимот FCC TSR ги загуби шансите за место на подиумот откако Moto2 возачот Доминик Агертер го загуби третото место.

Поранешниот Moto2  возач, Џино Реа, имаше технички проблеми со неговиот Toho Honda, а тимот на крај заврши на единаесетото место.

Еспаргаро ќе се врати на MotoGP трките по завршувањето на летната пауза. Следната трка во MotoGP ќе се оддржи во Австрија од 12ти до 14ти август.

CosClGVUIAUPBRO

Back To Top