Останато

Актуелниот шампион Yamaha се најде на врвот на првиот ден на Suzuka

Тимот на Yamaha Factory Racing, составен од Кац Накасуга и Пол Еспаргаро, а на кој оваа сезона им се приклучи и Алекс Ловс, се најде на врвот после првиот ден од трката Suzuka 8 Hour.

Следете нè на:

 

Тимот на Yamaha Factory Racing, составен од Кац Накасуга и Пол Еспаргаро, а на кој оваа сезона им се приклучи и Алекс Ловс, се најде на врвот после првиот ден од трката Suzuka 8 Hour.

Минатогодишните победници завршија на врвот и на двете двочасовни сесии и завршија со предност од 0,739 секунди пред Џош Брукс, Нори Хага и Такуја Цуда.

suzuka 8hours

Team Green, за кој настапуваат двојниот победник Леон Хаслам, Акира Јанагава и Казуке Ватанабе, заврши на третото место, а MuSASHi HARC-PRO Honda за кои настапуваат Ники Хејдн, Михаел ван дер Марк и Такуми Такахаши беа четврти. 

FCC TSR Honda заврши на петото место, а тимот Kagayama заврши како шести.

Џино Реа и тимот Toho Honda го освоија седмото место пред Брок Паркерс и Yamaha Austria кои беа осми.

Меѓу постојаните EWC тимови, FCC TSR Honda and Yamaha Austria беа блиску следени од GMT94 Yamaha кои завршија како единаесети, Suzuki Endurance Racing завршија на тринаесетото место, а тимот чиешто седиште се наоѓа во Линколншир, Honda Racing, заврши на дваесетото место.

 

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.