Потврдено е дека Хафиз Сиахрин ќе биде дел од тимот Angel Nieto и ќе настапува за нив во сезоната 2020 од Moto2 шампионатот.

Официјално е потврдено дека Хафиз Сиахрин ќе биде дел од тимот Angel Nieto откако двете страни успеаа да постигнат договор за време на Гран При викендот во Тајланд.

Малезискиот возач изминативе две години ги помина во MotoGP и беше дел од Tech3. Првично тој настапуваше со машина на Yamaha но подоцна Француската екипа почна да вози со машина на КТМ.

И покрај добрата дебитанска сезона, Сиахрин не успеа да се прилагоди на КТМ и одлучи да се врати во Moto2 откако Tech3 потпиша договор со Бред Биндер.

25 годишниот возач помина четири сезони во Moto2 шампионатот во периодот помеѓу 2014 и 2017 година. Тој ќе му се приклучи на Арон Канет кој минатата година беше дел од Moto3 серијата.

HafizhSyahrin txt 08 10

„Мислам дека заедно со тимот следната сезона можеме да постигнеме добар резултат“, изјави Сиахрин. „Не ми е непознато возењето во оваа серија бидејќи веќе поминав неколку години тука. Но сега ќе имам поинаква шасија, мотор со поголема моќност и различни пневматици.“

„Сум се натпреварувам со поголемиот дел од возачите кои се дел од оваа класа и мислам дека можам да се борам за најдобар пласман. Ќе дадам се од себе за да бидам меѓу најдобрите пет возачи. Верувам во тимот а во минатото веќе имам работено со некои од нив. Мислам дека можеме да имаме добар пласман.“

„Му посакувам добредојде на Хафиз во нашиот тим. Ова е одлична вест за нас бидејќи тој е многу искусен возач и ќе ни помогне во предизвикот кој не очекува“, изјави шефот на тимот Хорхе Матринез.

„Имаме големи планови за сезоната 2020 и знам дека Хафиз и неговиот иден тимски колега, Арон Канет, ќе ни помогнат во тоа. Тој веќе има искуство во оваа категорија.“

Сега откако и официјално е потврден преминот на Сиахрин, се очекува Џејк Диксон да премине во Petronas Sprinta Racing и да настапува за нив во сезоната 2020.

Back To Top