(Време на читање: 1 минута)


30 години од првата победа на Данлоп со Honda

John-McGuinness-Joey-Dunlop-Honda-livery-IOMTT-Richard-Mushet-01

30 години од првата победа на Данлоп со Honda

Џон Мекгинис на денешната TT трка возеше во униформата на Џои Данлоп. Поминаа 30 години од првата победа на Данлоп на Isle of Man TT со Honda, а Мекгинис го носеше карактеристичниот Dunlop/Honda Britain дизајн.

Дизајнот беше чуван во тајност се до последен момент.

„Голема чест е да учествувате на ваков настан,“ изјави Мекгинис. „Тој беше и сеуште е најпознатиот уличен тркач на сите времиња, и иако поминаа 30 години од неговата прва победа со Honda, тој никогаш нема да биде заборавен. Кога ја видов оваа униформа за прв пат, ми се вратија спомените од времето кога бев тимски колега на Џои, кога тој носеше црно-црвена униформа, а мојата беше розева и виолетова! Тоа е исконски дизајн и тој изгледаше многу кул. Неможам да дочекам да ги видам лицата на фановите и се надевам дека ќе постигнеме добар резултат за Џои.“

Оваа почест е дел од од прославата на Honda за да му се оддаде почит на „кралот на патот“.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: