(Време на читање: 1 минута)


Јапонскиот возач Јошинари Матсушита (43) почина на трката ТТ. И покрај тоа што беше искусен возач, Матсушита подоцна се приклучи на овогодинешната трка откако Туко Сузуки објавија дека ќе вози заедно со Џош Брукс и Гај Милер во класата Суперспорт 600.

57865

Јапонскиот возач Јошинари Матсушита (43) загина вчера на трката ТТ.

Јапонскиот возач Јошинари Матсушита (43) загина вчера на трката ТТ. И покрај тоа што беше искусен возач, Матсушита подоцна се приклучи на овогодинешната трка откако Туко Сузуки објавија дека ќе вози заедно со Џош Брукс и Гај Милер во класата Суперспорт 600.

Матсушита кој потекнува од Саитама, Јапонија, прв пат се натпреваруваше во ТТ трките во 2009 година. Тој редовно се натпреваруваше во Суперсток и Супербајк класите и заврши на петото место на 2011 TT Zero за електрични мотоцикли.  Беше победник и на трката Motegi Endurance 2008.

Секретарот на трката Гари Томпсон изјави: „Јоши беше навистина популарен натпреварувач кој имаше голем број на пријатели. Тој беше вистински пријател кој секогаш имаше време за сите. Навистина ќе ни недостига.“

Во понеделникот Матсушита изјави: „Како член на овој голем тим, се надевам дека ќе го искористам целото нивно искуство за да извозам најдобро што можам.”

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: