Додека го пишувам овој текст во тек е втората етапа од Dakar 2022. Возбудувањата не престануваат, по неколку повторени прашања, иако не делува баш многу комплицирано, еве неколку совети каде може да следите Dakar 2022 без да плаќате за екстра ТВ канали. 

danilo petrucci out of dakar  - A.S.O./ C. Lopez

A.S.O./ C. Lopez

Господинот Дакар, Стефан Петѕерхансен, уште на првата етапа со соочи со проблеми со новиот Audi e-tron, се врати денес во трка и продолжи но надежта за сериозен пласман исчезна. Во меѓувреме, кај моторите вчера една група сериозно го згреши патот и заостанаа и до 1 час. Денес изутрина екс MotoGP возачот Данило Петручи се откажа заради дефект... како што реков два дена од најтешкото рели на светот и веќе има голем број возбуди. 

Секако дека ќе има и многу други, па се наметнува прашањето каде и како најбрзо и најпрегледно може да ги следите случувањата. Ако во минатото Dakar гледавме навечер после 22-23 на А1 (за тие кои се сеќаваат) или на Еurosport, денес тој преглед и многу повеќе ни се достапни на интернет. 

Основната препорака е да го следите официјалните канали на самиот организатор, пред се тука мислам на нивниов вебсајт, мобилна апликација и сметките на социјалните медиуми. 

Мобилна апликација и вебсајт

На мобилната апликација и вебсајтот ги имате најбрзите информации за самите етапи. Може во живо на мапа да ги следите движењата на сите возачи, да пребарувате и што е многу корисно да ги следите вестите поврзани со ситуацијата на контролните точки, проблемите и сл. Апликацијата не е баш најбрза и најлесна за употреба, бара малку навика, ама кога ќе сфатите колку се информации нуди и што сè е достапно, станува јасно зошто е толку натрупана и не баш многу употреблива. Како и да е, задоволството рано изутрина да се следи во живо развојот на етапата е супер. 

Во апликацијата и на самиот вебсајт има и мултимедија, ама за тој дел попаметно е да ги користите социјалните мрежи. Секако вебјсатот е оригиналната форма на се она што го имате во апликацијата. Попрегледен, полесен за употреба... ама па мора да имате компјутер со вас. 

Социјални медиуми

Изминативе два-три дена се обидував да ја дешифрирам стратегијата за објавување на социјалните медиуми на официјалните канали, но не успеав да најдам патерн по кој се објавуваат материјалите. Очигледно има различни луѓе задолжени за различните канали и при секоја објава има по некоја информација плус.. Најспор е YouTube и на него има најмногу од оние официјални видеа кои традиционално ги гледавме во вечерниот преглед. Тие се расцепкани на делови, не се во цел 30-минутен преглед, ама содржната е таа. Оние специјални репортажи и сл. се достапни порано во рекот на денот, а како одминува денот, едно по едно се појауваат и репортажите за дневната етапа по класи, се разбира. 

TikTok и Instagram се најзабавни а редовно содржините ги добиваат и Facebook и Twitter. Кратките видеа се поврзани со некој важен настан на самото рели, или едноставно ја пренесуваат атмосферата наутро, во текот на денот и навечер. Особено забавни се објавите на TikTok и Instagram story. 

Останатите возачи и канали

Јас 2021 заследив доста канали на YouTube од медиуми, тимови и возачи кои се дел до овој спектакл, но за жал малку од медиумите кои се таму и известуваат од бивоваците и имаат целосни посветени емисии се всушност содржини на англиски. Добар дел од нив се на италијански, шпански, француски, чешки итн. Вредни за следење се Red Bull Rally, Tire Tracks, Rally POVBrake MagazineSide Track Pat и сите останати возачи кои ќе ги начекате на Instagram, Facebook и Twitter. 

Етапите се возат рано изутрина, видео и фото содржина почнува да се појавува веднаш, прегледите односно деловите од прегледите се појавуваат попладне. Ако сте како мене заразени со Dakar, тогаш ќе следите насекаде и ќе ги гледате по неколу пати сите содржини со надеж дека некој детал повеќе ќе има на некој следен канал, ако не, тогаш можете лабаво да си отворите Facebook или YouTube навечер и на раат да си ги изгледате прегледите на кои веќе сме одамна навикнати. 

Кој и да е твојот избор, уживај во Dakar 2022, еднаш во годината е, и вреди да се проследат овие храбри возачи!

Back To Top