„Ако минатата година ми кажавте дека во последниот круг ќе се борам со Марини и Маркез, немаше да ви верувам“ – Сем Ловс.

Сем Ловс смета дека седмото место кое го освои на трката во Остин не е доволно добро но верува дека тоа сепак ја поставило основата за борба за место на подиумот во следните трки. Третото место на квалификациите како и добриот настап за време на викендот навестуваше дека Англичанецот би можел да се бори за победа на третата трка од Moto2 сезоната.

Ловс вели дека иако во текот на викендот немал никакви проблеми сепак откако почнала трката се соочил со проблеми со задната гума.

„Искрено, во текот на викендот притискав повеќе за да ја оптеретам задната гума но се беше во ред,“ вели Ловс. „Но кога почна трката работите се променија. Темпото беше побрзо и ја уништив гумата.“

„Имав добро чувство на стартот но во десетиот и единаесетиот круг направив грешка. Сакав да претекнам друг возач. Тогаш си реков дека ако продолжам така да возам ќе излетам надвор од патеката. “

Sem Lows txt 30 04

Во деветиот круг од трката, Ловс беше на четвртата позиција но Хорхе Наваро и Лука Марини опасно му се приближија.

Откако во дванаесетиот круг се најде на седмото место, возачот на Gresini Racing се обиде да ги стигне возачите кои беа пред него. Доколку трката имаше 19 наместо 18 круга, 28 годишниот возач вели дека ќе успеел да се искачи барем две места погоре.

„И покрај се, за малку не бев подобар од Марини и Маркез. Ако минатата година ми кажавте дека во последниот круг ќе се борам со Марини и Маркез, немаше да ви верувам.“

„Сакам да победам но работите треба да се развиваат чекор по чекор. Севкупно гледано резултатот не беше катастрофален.“

Следна трка на календарот е онаа во Херез каде што Ловс и возачот на КТМ, Бред Биндер доминираа за време на претсезонскиот тест во февруари.  Ловс се надева дека тука ќе направи чекор напред.

„Патеката во Херез ми се допаѓа. Сега е важно да приситкаме, да продолжиме да работиме напорно.“

Back To Top