Останато

Јамаха победи на Осум часа Сузука

Yamaha Factory Racing влезе во историјата на трката Suzuka 8-Hours откако успеаа да стигнат до четвртата победа по ред на оваа одлична трка.

Следете нè на:

 

Јапонската трка на издржливост стана една од најголемите спектакли во календарот. На трката долга 199 круга, имаше моменти кои им се чинеа како цела вечност на Михаел ван дер Марк и Алекс Ловс.

Откако Кацујуки Накасуга поради повреда на рамото мораше да ја пропушти трката, целиот товар падна врз неговите колеги.

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 17

Тие успеаа да се справат со притисокот но имаа сериозна конкуренција од возачите на тимот на Kawasaki.

Во пресрет на трката, Yamaha беше незадоволна од потценувачкиот став кој луѓето го имаа кон тимот на Kawasaki. Нивната последна победа на оваа патека бешe пред 25 години но со оглед на тоа дека во тимот сега е вклучен Џонатан Реа како и уште неколку други членови на KRT WorldSBK, работите се променети.

Нивниот нов мотоцикл во пресрет на трката беше детално проверен од страна на Пере Риба. Ова доведе до одлична брзина за време на квалификациската сесија која се оддржа во петокот како и пол позиција.

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 02

Kawasaki беше најбрзиот тим на патеката оваа недела но Yamaha беше најконзистентен.

Иако се најавуваше сончево време, само 15 минути пред да почне трката, патеката беше поплавена од  дождот.

Сите на патеката станаа нервозни, а тоа најубаво можеше да се види на  лицата на возачите кои знаеја дека пред нив имаат сериозен предизвик.

Клучно беше да се избегне било каква грешка на почеток на трката.  Red Bull Honda го презеде водството а Yamaha беше четврта. Топлото време и ветерот за кратко време ја исушија патеката. Силвиан Гинтоли беше првиот возач кој ризикуваше и одлучи да ги промени пневматиците. Тој одбра одличен момент за промена а веднаш по него тоа го стори и ван дер Марк.

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 15

До моментот кога Реа излезе од гаражата, веќе беше на четвртото место и мораше да се пробие низ групата возачи кои беа пред него.

Напред на патеката, сите ја чекаа Honda да замине во гаражата. Реа беше во форма и за кусо време ги претекна Гинтоли и ван дер Марк. Но иако сите очекуваа Реа многу лесно да им избега на останатие возачи, членовите на Yamaha не мислеа така.

Ние имавме среќа да уживаме во една од најинтересните трки на оваа патека. Возачите постојано ги менуваа своите позиции а после еден час возење, разликата меѓу нив изнесуваше само неколку десетинки.

Борбата продолжи и во вториот час од трката, а возачите на Kawasaki и Yamaha најизменично ги менуваа позициите.

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 04

Хаслам во еден момент имаше предност од 5 секунди но Ловс за кратко време успеа да го стигне а дури се обиде и да го претекне.

Предноста од една секунда која ја имаше Yamaha во третиот час од трката за кратко време беше намалена од страна на тимот на Kawasaki.

За време на средината од трката, возачот на Kawasaki со број единаесет остана без гориво а Џонатан Реа излета надвор од патеката.

„Искрено, навистина не знам како излетав надвор од патеката,“ изјави Реа. „Возев со слик пневматици и сакав да влезам во гаражата. Веројатно требаше да го направам тоа но сепак продолжив да возам. Притиснав на гаста, задното тркало почна да се лизга и излетав надвор од патеката.“

Honda, кои само што го испратија Пи Џеј Јакобсен на патеката се најде на второт место.

„Ова за мене беше чудна трка,“ изјави Јакобсен. „Кога излегов на патеката таа веќе беше влажна. Досега, на оваа патека немам возено на вакви услови и затоа се обидов најбрзо што можам да ја научам патеката. Среќен сум што завршивме на второто место и сакам да му се заблагодарам на HRC и на целиот тим.“

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 02 copy

Откако не беше дел од квалификациската сесија, Јакобсен помина голем дел од трката надвор од патеката, а во моментот почна да вози, Honda го презеде водството на патеката.

Откако беа на лидерското место во првиот дел од трката со нивниот Fireblade, се чини дека тимот чекаше предолго пред да ги замени пневматиците. Но таквата одлука го дефинираше нивниот настап бидејќи им овозможи во текот на целата трка да бидат еден чекор понапред од Yamaha. Јакобсен беше во водство во моментот кога безбедносното возило ја напушти патеката но за кусо време беше претекнат од ван дер Марк.

До крајот на трката, Honda ќе има две влегувања во гаражата помалку од Yamaha кои беа најдобриот тим на патеката.

„Три победи по ред за мене и четири по ред за Yamaha“, извика Алекс Ловс по завршувањето на трката. „Ова воопшто не беше лесна трка за мене и за Михаел бидејќи за жал Накасуга беше повреден. Трката беше тешка но Михаел заврши одлична работа. Тој возеше во многу полоши услови во споредба со мене. Но сепак, задоволен сум од настапот и од тоа што се држевме до планот.“

Race Day Photos 2018 Suzuka 8 Hours Steve English 06

„Во вториот дел од трката успеавме да направиме мала предност. Останавме смирени и стигнавме до првото место. Искрено бев малку изненаден од тоа колку бевме силни. Денот беше фантастичен и прекрасно е чувството кога ќе стигнете до побесда. “

Последниот час од трката го одбележа Kawasaki кои се обидуваа да ја надокнадат разликата. Сепак, за жал сето тоа беше предоцна и трката на крајот ја завршија на третото место.

Зад Yamaha, Honda и Kawasaki се најде првиот Suzuki од екипата број 95. Томи Бриџвел, кој неодамна беше отпуштен од BSB имаше одличен настап на трката.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.