Останато

Хонда продолжува со победи на Дакар 2014

Жоан Бареда дојде до победа на третата етапа на релито Дакар 2014 со својата Honda CRF450 RALLY, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман пред својот ривал на 13 минути.

Следете нè на:

 

bareda-pobedaБареда ги исполнува најавите на Хонда, можна ли е победа за HRC?

Возачот на Хонда, Жоан Бареда победи на првата маратонска етапа и со тоа ја забележа третата последователна победа за HRC тимот со новиот мотор.

Жоан Бареда дојде до победа на третата етапа на релито Дакар 2014 со својата Honda CRF450 RALLY, со што ја зголеми предноста во генералниот пласман пред својот ривал на 13 минути.

Третата етапа се возеше во должина од 130км, намалената должина на етапата се должи на поројниот дожд кој падна на првиот сегмент од патеката кој потоа не беше во состојба да се вози.


Резултати од Етапа 3
 
1 Joan Barreda 03:47'03 ESP HONDA TEAM HRC
2 Cyril Despres +4'41 FRA YAMAHA Yamaha Racing
3 Marc Coma +6'56 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
4 Alain Duclos +10'51 FRA SHERCO Sherco Rally Factory
5 David Casteu +11'17 FRA KTM Team Casteu
6 Chaleco López +16'36 CHI KTM KTM Red Bull Rally Factory
7 Gerard Farrés +16'50 ESP GAS GAS Gas Gas JVO Factory Team
8 Stefan Svitko +19'06 SLO KTM Oraving Slovnaft Team
9 Kuba Przygonski +20'12 POL KTM KTM Rally Factory
10 Olivier Pain +20'34 FRA YAMAHA Yamaha Racing
 
Генерален пласман по три етапи
 
1 Joan Barreda 09:56'44 ESP HONDA TEAM HRC
2 Cyril Despres +13'04 FRA YAMAHA Yamaha Racing
3 Marc Coma +13'56 ESP KTM KTM Red Bull Rally Factory
4 Alain Duclos +16'38 FRA SHERCO Sherco Rally Factory
5 Chaleco López +18'39 CHI KTM KTM Red Bull Rally Factory
6 David Casteu +22'16 FRA KTM Team Casteu
7 Jordi Viladoms +34'33 ESP GAS GAS Gas Gas JVO Team
8 Olivier Pain +36'33 FRA YAMAHA Yamaha Racing
9 Kuba Przygonski +37'54 POL KTM KTM Rally Factory
10 Stefan Svitko +40'09 SLO KTM Oraving Slovnaft Team

Во продолжение и видеото од третата етапа:

Следната етапа е специјалец со должина од 353км, најдолга по онаа во 2005 година која се возеше од Цурат до Тихит, возачите ќе се соочат со тежок терен, истрошени гуми, ќе треба да поминат низ реки и да се спуштат во кањонот. Не очекува навистина интересна етапа во која се е можно.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.