Хонда потврди дека ќе учествува на релито Дакар кое ќе се одржи во јануари 2014 во Јужна Америка преку својот тим „TEAM HRC“.

hrc rdm13 present edobauer l1

Хонда потврди дека ќе учествува на релито Дакар кое ќе се одржи во јануари 2014 во Јужна Америка преку својот тим „TEAM HRC“.

Пет возачи: Хелдер Родригез (Португалија), Сем Сандерленд (Англија), Хавиер Пицолито (Аргентина), Јоан Бареда (Шпанија) и Пауло Гонкалвес (Португалија) ќе го возат новиот „CRF450 RALLY“ мотор специјално развиен за потребите на релито Дакар 2014. 

Како подготовки за Дакар тимот се натпреваруваше на две релија, Мароко и Марцуга, на кои извојува значајни победи. Сериозните подготовки говорат за амбициите на Хонда оваа година, но прашање е дали ќе успеат да ја земат титулата која во изминатите 12 години е во рацете на КТМ.

Фабриката најави дека ќе го понуди новиот модел на тимови или индивидуалци кои ќе сакаат да возат Хонда на релито, а тројца возачи ќе имаат можност да го добијат и пред продукцискиот модел на тестирање.

Хонда се врати со својот тим на релито Дакар минатата година, по пауза од цели 24 години, но како што изјави и директорот на тимот кој ќе се натпреварува на релито, Хонда оваа година има победнички тим, и ќе се обиде конечно да дојде до посакуваното прво место на релито.

Back To Top