Тимот на Хонда во одлично светло го претстави новиот CRF450RALLY за кој пишувавме минатата недела, на релито во Мароко забележа пет последователни победи.
Дали Хонда годинава ќе ја прекине доминацијата на КТМ на релито Дакар?
Тимот на Хонда во одлично светло го претстави новиот CRF450 RALLY за кој пишувавме минатата недела, на релито во Мароко забележа пет последователни победи.
Петтата етапа која е претпоследна на релито му припадна на Хуан Бареда, за кого ова е трета победа со што се врати на врвот во генералниот пласман. Шпанецот го извлече максимумот од својата Хонда, донесувајќи му ја петтата победа во пет етапи на тимот.
Ова е најдобар настап за еден тим на Рели Мароко кое важи за главна подготовка за претстојното Рели Дакар. За споредба на денешната етапа на третата позиција се најде Марк Кома со својот КТМ, а Курт Кесели беше шести.
|
Утрешната шеста етапа е последна на релито, а доколку не се случи чудо тимот на Хонда ќе забележи победа која ќе го зголеми оптимизмот во тимот и на најдобар начин ќе ги заврши подготовките за релито Дакар.