(Време на читање: 1 минута)


Хонда го претстави новиот мотоцикл со кој ќе се натпреварува следната година на престижното рели „2014 Dakar Rally – Argentina, Bolivia, Chile“.

CRF450-RALLY-1

Хонда го претстави новиот мотоцикл со кој ќе се натпреварува следната година на престижното рели „2014 Dakar Rally – Argentina, Bolivia, Chile“.

На општо изненадување минатата година Хонда го потврди своето учество на релито Дакар по цели 24 години, а за таа цел изработија нов мотоцикл наречен CRF450 RALLY кој сепак беше базиран на CRF450Х моделот. Тимот имаше успешен настап на релито, а инженерите собраа доволно податоци за оваа година на изработат подобрена верзија на моторот со која во јануари 2014 ќе настапат на релито.

CRF450-RALLY-2

Новиот CRF450 RALLY ќе има зголемена моќност, подобра аеро динамика, поголема издржливост, а помала потреба од сервисирање. Доколку овие податоци се точни тогаш Honda HRC тимот ќе има прилика да се бори и за горните места на релито. 

Првиот тест новиот модел ќе го има на релито Мароко кое се вози на 13 октомври, па потоа ќе имаме можност да коментираме дали новите промени ќе ја доближат Хонда до оф-роуд врвот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: