Британецот Сем Сандерленд имаше перфектен старт на релито Дакар 2019 кое се вози во Перу. Тој го заврши денот со петто најдобро време. Ова му овозможува да ја нападне првата позиција на денешната етапа која е подолга.

Фабричкиот возач на Red Bull KTM постигна време од 1 час 56 минути. Тој на крајот заврши со заостанување од 2 минути и 56 секунди зад победникот Јоан Бареда кој е дел од Monster Energy Honda.

Втората етапа е многу подолга. Возачите ќе го напуштат Писко и ќе се упатат кон Сан Хуан. Натпреварувачите ќе треба да поминат вкупно 343 милји, а меѓу нив е и специјалната етапа која е долга 212 милји. Меѓу останатите натпреварувачи, возачот на Malle Moto, Макс Хунт ја заврши првата етапа со време од 1 час 17 минути и 34 секунди што беше доволно само за 47 позиција. Сепак, тој се најде на втората позиција во неговата класа.

dakar 1perfect start 1

Ричард Меин имаше солидно деби на релито и првиот ден го заврши со време од 2 часа 14 минути и 22 секунди. Тој доби и казна од 20 минути а на крајот се најде на 131-то место.

За време на втората етапа од релито Дакар 2019 кое се вози од Писко до Сан Хуан, натпреварувачите ќе мораат да ги совладаат некои од најголемите песочни дини во Перу.

Back To Top