Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ја карактеризира дизајн инспириран од оф роуд возењето, голем број на технички додатоци, како и нови бои и графики. Компактната големина, двојната P/J хомологација, ултра широкиот визир,VPS заштита од сонце, AirBooster технологија ја прават оваа кацига прв избор на голем број на возачи.

P/J хомологација

Кацигата е одобрена во P/J двојна хомологација а штитникот за брада кој може да се извади го помина хомологацискиот тест кои го наложуваат UN/ECE правилата.

Nolan N70 Homologation Txt 22 02

Ултраширок Визир

Широкиот визир кој е отпорен на гребење ви овозможува да имате поширок преглед со што се зголемува вашата безбедност. Како надополнување, самата големина на стаклото ви овозможува да носите и маска.

Nolan N70 Ultrawide Visor Txt 22 02

Pinlock

Благодарение на патентираниот систем на прилагодување, големината на внатрешниот визир може да се промени. Целосниот силиконски граничник, креиран под лиценца на Pinlock®, овозможува пред се зголемување на воздушната комора која се наоѓа помеѓу надворешниот и внатрешниот дел на кацигата. Со ова се намалува ризикот од замаглување.

Nolan N70 Pinlock Txt 22 02

VPS заштита од сонце

Овој додаток, кој е отпорен на гребење и замаглување, обезбедува заштита од UV зраците до 400 нанометри. Лесно може да се отстрани за да се исчисти и е целосно прилагодлив. Активацискиот систем овозможува стаклото да го држите во стенд бај позиција.

Nolan N70 VPS Sunscreen Txt 22 02

Штитник за вратот

Лесно се вади за да се исчисти и  е опремен со ексклузивен систем за прилагодување кој овозможува лесно да се адаптира на вратот на возачот како и на различните позиции на возење.

Nolan N70 Neckroll Txt 22 02 copy

N-Com комуникациски систем

Кацигата е опремена со N-Com комуникациски систем како и со иновативниот ESS (Emergency Stop Signal).

Nolan N70 N Com Txt 22 02

Можни конфигурации

Кацигата може да се користи со осум различни конфигурации. Карактеристично за оваа кацига е присуството на три елементи (визир, штитник за брада и испакнатиот дел на кацигата) кои можат самостојно да се наместат, сите заедно или пак комплетно да се отстранат.

Nolan N70 Configuration Txt 22 02

Систем за вентилација

Ексклузивниот „AirBooster“ систем овозможува оптимална вентилација на оние места кои се најважни за возачот. Воздухот кој доаѓа од горниот отвор се насочува кон најкритичните делови. Со ова се обезбедува максимален комфорт при возење на секакви временски услови. Дел од вентилацискиот систем се: Отворот кој се наоѓа кај штитникот за брадата кој спречува замаглување како и страничните екстрактори кои го извлекуваат надвор топлиот воздух.

Nolan N70 Ventilation System Txt 22 02

Microlock

Ова е патентиран систем со двоен лост за прилагодување. Се состои од еден термопластичен лост и уште еден алуминиумски лост со запчаници. Овој уред ја намалува можноста за ненамерно отворање на „retention“ системот.

Nolan N70 Micro Lock Txt 22 02

Интегрирани држачи на брадата

Лесно можете да ги отстратите доколку сакате да ги исчистите.

Nolan N70 Chin Straps Txt 22 02

Clima Comfort

Нов концепт кој е направен од ткаенина со двојна густина. Комбиниран заедно со „ AirBooster “ технологијата, го распределува воздухот на горниот дел од главата на возачот.

Nolan N70 Clima Comfort Txt 22 02

Back To Top