Веќе подолго време зборуваме за предностите кои ги имаат јакните опремени со воздушни перничиња.

Веќе подолго време зборуваме за предностите кои ги имаат јакните опремени со воздушни перничиња. Во оваа прилика би сакал да ја повторам мојата омилена реченица, вашата кожна јакна која ја носите додека возите мотоцикл сега е застарена, освен доколку нема воздушни перничиња. За среќа тука е Dainese кој повторно ќе го врати животот во вашата стара јанка. Италијанскиот бренд само што дебитираше со својот „Dainese Smart Jacket“ систем.

Не дозволувајте да ве залаже изгледот, тука не станува збор за нова јакна туку за елект. Или да бидеме попрецизни, елек кој има воздушни перничиња. Но што е тоа што го прави „Dainese Smart Jacket“ толку посебен? Фактот дека овој елек можете да го носите под или врз вашата јакна.

Dainese Smart Jacket airbag 07 txt 1 26 06

Ова ви овозможува не само да бидете дополнително заштитени благодарение на технологијата на Dainese туку и да продолжите да ја носите вашата омилена јакна за возење.

Елекот е достапен во шест големини. Од компанијата велат дека батеријата која ја има во елекот трае до 26 часа а исто така има и уникатен систем за вентилација.

Елекот е водоотпорен и нема да дојде до никакви компликации доколку го возите на дожд.

Тој ќе биде достапен од почетокот на јули. Цената на Dainese Smart Jacket во САД ќе изнесува 699 долари додека пак во Европа ќе чини 500 евра.

Back To Top