Опрема

Нова генерација на кациги

На пролет 2021-ва година на пазарот ќе се појават нов вид на кациги.

Следете нè на:

 

На пролет 2021-ва година на пазарот ќе се појават нов вид на кациги.

Arai Quantic sports-touring е првиот вид на кациги кои ги исполнуваат новите, построги, стандарди. Самата идеја за подобри кациги значи и поголема безбедност за нас возачите. Но дали тоа ќе доведе до промени во идната изработка на кацигите и дали оние кациги што веќе ги имаме не се добри?

За една кацига да може да биде прогласена за безбедна во Велика Британија, таа мора да биде во согласност со UNECE 22 регулацијата, според која, секоја кацига мора да ги исполнува основните безбедносни стандарди.

Moto MIPS Kullman

Новата верзија, ECE 22.06, е првата поголема промена на регулациите по 20 години и сега тие се многу построги во однос на верзијата која ја менуваат.

Не само што врз кацигата мора да бидат направени многу повеќе тестови, при поголеми и помали брзини, тие исто така се тестираат и заедно со сите официјални додатоци за да се утврди дека тие нема да влијаат на безбедноста.

Се тестира и визирот за да се види дали ќе има некакви оштетувања при контакт со друг објект. Накратко, новите тестови се многу построги.

Почнувајќи од јануари 2024 година ќе биде забранета продажбата на постарите видови на кациги но нема да биде забрането тие да се користат. Тоа значи дека не треба да брзате и да ја набавите новата кацига.

Зошто требаше подобрување на безбедносните стандарди?

MIPS JonasKullman

Многу работи се променија во изминативе 20 години, вклучувајќи го и нашето знаење за сообраќајните несреќи и како ударот влијае врз главата на возачот. Едно големо истражување на оваа тема (COST 327), покажа дека при „rapid rotational motion“, кој се случува кога кацигата доаѓа во контакт со површината под одреден агол, силата од ударот се префрла директно во мозокот и поради тоа настануваат дури 60% од повредите.

Благодарение на податоците кои се добиени од ова истражување, 22.06 е првиот официјален стандард кој вклучува „angled abrasion drop“ тест. Но овој вид на тест веќе е дел од SHARP рејтинг тестот на DfT уште од 2008 година а исто така е дел од хомологацијата на MotoGP и WSB кацигите.

Што значи новиот ротационен тест за кацигите?

MIPS 3D MOTO brain

Со тек на време, кај кацигите ќе гледаме се повеќе нови технологии, како што е MIPS Brain Protection системот или пак ќе имаат најнови материјали како што е Koroyd.

Ко-основачот на MIPS, Питер Халдин вели: Многу од кацигите ќе ја поминат основната линија која е поставена со ECE 22.06 дури и без да ја имплементираат најновата технологија. Сепак, она што е важно е тоа дека „rotational motion“ станува дел од основниот стандард. Ова е првиот официјален стандард кој вклучува „rotational motion“ при тестирањето, и мислам дека тоа е одлично.

„Ние, исто како и останатите брендови, веруваме дека овие стандарди со тек на време само ќе се подобруваат и навистина е важно кацигите да ги поминат тестовите. Со оглед на тоа дека на развојот на една кацига за мотоцикли се троши во просек две до три години, мислам дека треба веднаш да почнеме. Се повеќе и повеќе брендови не контактираат и сакаат да го вметнат MIPS.“

Дали новите кациги ќе изгледаат поинаку?

Arai Quantic helmet

Производителите засега не откриваат дали ќе има некакви драстични разлики кај новите кациги.

Но со оглед на тоа дека новата ECE 22.06 дели некои сличности со тркачките FIM стандарди, се малку потешки од верзиите кои не се одобрени од FIM, (AGV’s FIM-spec Pista GP-RR е во просек 100 грама полесна од стандардната Pista GP-R благодарение на 5 милиметри подебелата школка изработена од карбон), би можело идните кациги да бидат малку потешки, но не до толку за да може тоа да го приметите.

Од компнијата Arai велат дека тие креираат кациги кои треба да бидат навистина безбедни во случај на сообраќајни несреќи и дека не прават компромиси кога станува збор за безбедноста.

Дали тоа значи дека кацигите кои сега се употребуваат воопшто не се добри?

Според студијата за која зборувавме претходно, моменталните кациги се ефективни, но со значителни подобрувања преку новите стандарди тие би можеле да спасуваат и по 1000 животи годишно во Европа.

Секако, регулациите ги поставуваат само минимналните безбедносни стандарди а како што може да се види од SHARP рејтингот, некои кациги обезбедуваат поголема заштита.

Портпаролот на SHARP вели: „Дури и со подобрени регулации останува на SHARP на возачите да им обезбеди различни податоци во однос на безбедноста , па клиентите на крај самите да ја донесат својата одлука. Како што се развиваат правилата така и SHARP ќе се развива а наскоро планираме одново да ги разгледаме и нашите протоколи.“

Би можело да ве интересира

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Од вториот до осмиот круг има најголемо оптоварување врз сопирачките. Пред крајот на трката, притисокот врз нив се намалува за 20 проценти, велат од Brembo.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.