Ако доволно долго не следите тогаш сигурно знаете за нашата наклонетост кон опремата која содржи воздушни перничиња.
Тие преставуваат нова генерација на заштитна опрема и значително ги намалуваат повредите кои еден возач може да ги добие доколку е дел од некоја сообраќајна несреќа. Во моментов, оваа технологија е лимитирана и ја има само кај јакните и тркачките одела а заштитата се однесува само на торзото.
Но што е со останатиот дел од телото? Искрено, денешната технологија штити само половина од нашето тело а нозете и рацете се изложени на удар.
Токму тука на сцена стапува Француската компанија „ CX Air Dynamics “ која се надева дека ќе направи промени и која во моментов работи на пантолани кои ќе имаат воздушни перничиња.
За разлика од „Tech-Air“ и „D-Air system“ кои користат голем број на сензори и алгоритми за да проценат кога да се активира технологијата, системот на „CX Air Dynamics“ користи попримитивна технологија која потсетува на старите системи со воздушни перничиња, оние пред да се појават „Alpinestars “ и „ Dainese “.
Сепак, концептот изгледа ефективен во заштитата на нозете на возачот.
Пантлоните кои „ CX Air Dynamics “ ги прикажува во моментов имаат „over-pant“ стил но веруваме дека тие би можеле да бидат направени за да инкорпорираат повеќе други стилови. Од компанијата велат дека иако се уште се во процес на собирање на финансиски средства, сепак се надеваат дека со испорака ќе можат да почнат од март 2021 година.
Сепак, постои надеж дека влезот на оваа компанија на пазарот ќе го придвижи развојот на оваа технологија. Веќе имаме видено компании како што се „ Alpinestars “ и „ Dainese“ како креираат тркачки костими кои целосно се опремени со воздушни перничиња. Овој концепт се уште не е стандарден дел од гран при тркачкиот костум а сигурно ќе треба да почекаме уште малку додека да се најде во продажба.
Сигурно не е тешко тоа да се направи а многумина прашуваат и зошто оваа технологија ја немало и досега.
Колку повеќе воздушни перничиња, толку подобро. Голема багодарност за Французите што ја развиваат оваа идеја.