Airbag технологијата кај мотоциклите продолжува да се развива.

Денешната информација која ни пристигнува од Alpinestars е вистински доказ за тоа. Италијанскиот бренд  додаде “race” режим на познатиот Alpinestars Tech-Air 5 елек со воздушни перничиња.

Тој сега може да се ажурира за да го вклучува тркачкиот алгориатм на компанијата кој пак може да се активира преку блутут или апликација на вашиот телефон.

Подобрувањата значат дека Alpinestars Tech-Air 5 елекот може да обезбеди заштита не само кога возите на улица туку и кога се тркате, но само доколку го носите правилно под јакната или костумот. Исто така треба да има и простор од 4 сантиметри околу градите.

Alpinestars Tech Air 5 airbag vest 03

Со ова соопштение, Alpinestars исто така ја смени политиката и опциите за сервисирање. Сега можете да имате нова, поевтина услуга „ inflator only “ за само 179 долари. Таа вклучува само замена на двата канистри кои ги има елекот. Но после неколку употреби, Alpinestars Tech-Air 5 треба да помине низ целосен сервис кој изнесува 299 долари.

Овие промени се дел од неколкуте понуди на Alpinestars во однос на елеците со воздушни перничиња и се дел од поголемиот опсег на апликации кои имаат за цел да го направат возењето побезбедно.

Оваа година компанијата додаде „Tech-Air“ пакет за возачите кои беа дел од релито Дакар. Во следните години можеме да очекуваме дека на пазарот ќе се појави и оф роуд верзија.

Компанијата не ги препорачува „ Tech-Air “ производите на жени кои имаат импланти во градите бидејќи воздушните перничиња не се тестирани на овој тип на тело. За крај, батериите имаат капацитет од 30 часа.

Back To Top