LS2 го претстави Spectrum EVO, ажурирана верзија на својот популарен интерком систем, кој сега овозможува управување со главните функции преку гласовни команди.
Новиот модел е развиен во соработка со експертите за комуникација од Midland, а покрај гласовната контрола, воведува и нова апликација за паметни телефони која овозможува персонализација на сетинзите и идни софтверски надградби.
Spectrum EVO ги задржува докажаните технички решенија од претходникот, вклучувајќи ја Bluetooth 5.1 технологијата и универзалната компатибилност со слушалки од брендови како Sony и Bose. Уредот нуди целосна поврзаност со паметни телефони, GPS уреди и TFT дисплеи на мотоциклите. За квалитетот на звукот повторно се задолжени италијанските специјалисти од RCF, кои вградија 40mm HD звучници за јасен звук при разговори, слушање музика или навигација.
Интерком LS2 Spectrum поставен на кацига
Системот е дизајниран за поврзување на четири возачи истовремено, со максимален досег на конекцијата од 1,2 km. Меѓу клучните карактеристики се вбројуваат и AI-базирано поништување на шум, целосна водоотпорност и автономија од 20 часа комуникација со едно полнење. Според производителот, уредот е компатибилен со поголемиот дел од кацигите во палетата на LS2.
Интерком систем LS2 Spectrum EVO
Препорачаната цена за LS2 Spectrum EVO е околу 190 евра, во зависност од пазарот.

Коментари